21:37 - 4 април, 2026

ФОТО | СЕМЕЈСТВОТО НА КУП: Принцезата Шарлин се обедини со своето семејство во Јужна Африка по неколкумесечна разделба

шарлин монако еднорог

Принцезата, која имаше операција пред 12 дена, објави серија среќни семејни фотографии на нејзиниот инстаграм-профил на кои се гледа како се одмара со принцот Алберт и близнаците – принцезата Габриела и принцот Жак во сафари одморалиште. Семејниот одмор во регионот Ква-Зулу Натал започна на 20 август и ќе трае неколку дена, велат извори за списанието „Пипл“.

„Пресреќна сум што го имам семејството со мене“, напиша таа во описот на фотографиите.

Шарлин, исто така, сподели уште две фотографии со сопругот Алберт во маица со кои ги поддржува нејзините напори за заштита на носорозите.

Патувањето е првпат семејството да се обедини од кога Алберт (63) и 6-годишните близнаци ја посетија принцезата во Јужна Африка на почетокот на јуни.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....