18:29 - 2 април, 2026

ФОТО: Се огласи винарот кој наводно е во врска со Северина: Немој да ме прашувате тоа…

– Ау, какву глупости – кратко искоментирал 38-годишниот винар Томислав Воштиниќ, кој српските медиуми го поврзаа дека е со Северина.

– Ма, дај, немој воопшто да ме прашувате, смешно ми е – додал Томислив, а на прашањето дали ја познава популарната пејачка одговорил: Ма, се е океј, ајде чао!

Утрото се огласи и пиарот на Северина кој демантираше било каков романтичен однос помеѓу пејачката и винарот.

Томислав/Инстаграм

– Сакаме да ве информираме дека се работи за особа од поширокиот круг на пријателите на Северина, во чија винарија беше одржан евент, на кој присуствуваше и пејачката со друштво. Овој пат ја отфрламе секоја инсинуација за некаква романса – стои во краткото соопштение.

Како што тврди српскиот медиум, Северина иако веќе некое време е во брак со Игор Којиќ таа започнала врска со десет години помладиот винар, со кого неодамна интимно се зближила, но за такво нешто не постојат никакви докази.

Северина пред еден месец позираше во винаријата на Томислав со нејзините пријатели и соработници, каде се појави до деколтиран фустан и високи потпетици.

– Имам мал круг на големи луѓе – напишала пејачката тогаш на фотката која ја објави.

Слични објави

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо
Се вчитува....