11.8 C
Скопје
14:20 - 30 март, 2026

ФОТО: СЕ КАЧИЛ ВО АВИОН 13 ГОДИНИ ПО УЖАСНА АВИОНСКА НЕСРЕЌА, поради љубовта на една жена

кортни травис

Во вторникот, тапанарот на бендот Блинк-182, Травис Баркер, 45, објави фотографија на „Инстаграм“ како ја држи во раце и ја бакнува Кортни Кардашијан (42), пред приватниот авион на нејзината сестра Кајли Џенер. Тој за прв пат лета откако преживеа смртоносна авионска несреќа во 2008 година, во која загинаа четворица и него му остави изгореници од трет степен на повеќе од половина од телото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by travisbarker (@travisbarker)

„Со тебе сè е можно“, ја потпиша Баркер објавата, која Кардашијан подоцна ја сподели на Инстаграм, додавајќи „сè и сешто со тебе“.

Двојката, која ја официјализираше својата врска на „Инстаграм“ во февруар, отпатува во Кабо на одмор во саботата.

„Огромен чекор е што Тревис полета за Кабо“, рекол извор претходно за „Пипл“. „Авионската несреќа пред многу години беше крајно трауматизирачка. Му требаше голема помош за да стигне до оваа точка. Кортни ми даде голема поддршка“, додаде изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by travisbarker (@travisbarker)

Пред повеќе од една деценија, Баркер и долгогодишниот соработник Диџејот АМ (Адам Мајкл Голдстајн) преживеаја откако нивниот авион се урна кратко време по полетувањето додека заминуваа од Јужна Каролина. Голдштајн почина една година подоцна од предозирање.

Во несреќата загинаа обезбедувањето на Баркер, Чарлс „Че“ Стил, неговиот асистент Крис Бејкер, пилотот Сара Лемон и копилотот Џејмс Бленд.

По несреќата, музичарот имаше долг пат до закрепнување, и психички и физички. Тој претрпе изгореници од трет степен на 65 проценти од телото и беше подложен на неколку операции и графтови на кожа.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо
Се вчитува....