14:11 - 1 април, 2026

ФОТО: Ријана облече чизми какви не сте виделе!

Пејачката Ријана (32) се појави во јавноста со интересен стајлинг за чија комбинација ги носела едни од најновите модели на чизми, кои изгледаат навистина необично.

Станува збор за новата колекција на модниот бренд „Balenciaga“ која е создадена во соработка со брендот „Vibram“ во потпис на грузискиот дизајнер Демна Гвасалиа во модната индустрија познат по своите специфични модни дизајни кои се препознатливи за високата мода.

Овој пат, тој замислил „street style“ чевли со високи потпетици со врв што го следи обликот на прстите. По сличен принцип на веќе познатите патики со подигната пета, чевли, кратки чизми кои потсетуваат на чорапи.

Ријана направила избор на црни чизми кои чинат 1.290 американски долари во комбинација со ретро сет на брендот „Vetements“ кој постојано црпи инспирации од тренерки од деведесеттите години.

Многумина ќе речат дека дури и во ваква комбинација Ријана изгледа неверојатно кул, не зависно каква ќе биде нејзиниот следен моден додаток, затоа што пејачката веќе некое време многу добро го носи авангардниот стил!

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....