6.6 C
Скопје
03:59 - 1 април, 2026

(ФОТО) ПОШТЕНСКИ МАРКИ СО МИК ЏЕГЕР, КИТ, РОНИ и ЧАРЛС ВОТС: 12 поштенски марки во чест на „Ролинг Стоунс“

На осум поштенски марки ќе бидат прикажани Мик Џегер, гитаристите Кит Ричардс и Рони Вуд и починатиот тапанар Чарли Вотс, на концерти во различни делови на светот, од настапите во јули 1969 година во лондонскиот Хајд Парк до концерт во Њу Џерси во август 2019 година.


Британската кралска пошта издава специјален сет од 12 поштенски марки во чест на еден од најдолговечните рок бендови на сите времиња „Ролинг Стоунс“, во годината во која легендарните рокери ја одбележуваат шеесетгодишнината од нивното заедничко функционирање.


На преостанатите четири марки ќе има фотографии од двајца членови на бендот заедно и два постера од нивните светски турнеи.

„Има малку бендови во историјата на рокот кои успеале да создадат толку богата и долга кариера како „Ролинг Стоунс“. Тие создадоа некои од највпечатливите и најимпресивните албуми во модерната музика, а нивните настапи во живо може слободно да се опишат како револуционерни“ – вели Дејвид Голд, директор за односи со јавноста во британската кралска пошта.

„Ролинг Стоунс“ се основани во 1962 година и се еден од најуспешните и најдолговечните рок бендови на сите времиња, продавајќи околу 240 милиони плочи ширум светот и освојувајќи бројни награди, вклучително и три „греми“. Тие се четвртиот британски рок бенд, по „Битлси“, „Пинк Флојд“ и „Квин“, за кои кралската пошта издава специјални поштенски марки.


Марките ќе бидат пуштени во продажба на 20 јануари.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....