08:04 - 12 март, 2026

(Фото) Поранешна стриптизерка му се заканува на принц Хари со „дебел материјал“: Ќе го објави угол гол и „мртов пијан“

Кери Ројал (52), поранешна стриптизерка, се заканува дека ќе објави фотографии на кои се бакнува со принцот Хари во Лас Вегас на една од неговите луди забави. Таа вели дека има мнгоу проблематични фотографии од принцот кој ноќта не само што бил гол туку бил и „мртов пијан“.

Кери, како што пренесуваат странските медиуми, сака да му се одмазди на принцот Хари зашто ја спомнал на „навредлив начин“ во неговата книга-мемоари „Резерва“.

Имено, Хари организирал забава на која поканил и стриптизерки во 2012 година во еден хотел. Голи фотографии од тогаш 27-годишниот принц и жената која го гушка, објави The Sun пред 12 години.

Но сега, поранешната стриптизета им рекла на новинарите дека има многу повеќе „материјал“ што треба да го види светлото на денот и се заканила дека ќе го објави сето тоа на нејзиниот ОнлиФанс профил.

– Имам повеќе негови многу проблематични фотографии кои јавноста никогаш не ги видела. Луѓето би биле шокирани од она што ќе го видат. Зошто го правам ова? Затоа што сум бесна на начинот на кој сум прикажана во неговата книга, поточно извреѓана сум на најлош начин. Всушност, изненадена сум што воопшто се сеќава на мене затоа што беше мртов пијан. Но, кога веќе се фати за мене во таа приказна, зошто не се сети на некои други работи во книгата – вели Кери.

Поранешната стриптизета дури и продала на аукција во 2022 година црна долна облека која припаѓала на принцот. Наводно, тој бил угол гол и стоел пред неа покрај базен во Лас Вегас, а пред тоа ѝ ја дал црната долна облека.

„Кога се забавуваше во Вегас, сите го сакаа, особено неговата смисла за хумор. Барем овие панталони потсетуваат на тоа каков беше…кога Хари беше забавен принц. Штета што овие денови е многу сериозен. Дури и како оженет атко на две деца, тој од време навреме треба да се релаксира и да ја пушти косата, барем она што остана од неа – заклучува Кери.

 

 

Слични објави

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova
Се вчитува....