17:22 - 1 април, 2026

ФОТО: По тешката дијагноза оскаровецот ја избричи главата, но си набави и миленик!

Бриџис делува расположено и полно со оптимизам. Своите бројни обожаватели редовно ги известува за својата здравствена состојба, па така овој пат одлучи да ги извести и за промената на својата долгогодишна препознатлива фризура.

Актерот Џеф Бриџис (71) минатиот месец објави дека боледува од лимфом, еден вид на рак и дека веќе започнал со лекувањето, со што загрижи многубројни фанови. Оскаровецот во неколку наврати се огласи и од болницата, со пораки за благодарност и по некоја ретка фотографија, со цел да им ја претстави својата состојба на фановите.

Во последното јавување се пофали и со неколку новости. Тој ја избричил главата и досега препознатливата долга коса, набавил милениче, а во меѓувреме го прослави и 71-от роденден.

И покрај тешката дијагноза, Бриџис делува расположено и полно со оптимизам.

„Ви благодарам на сите што ми се јавувате, што ми испраќате пораки и поддршка. Убаво е да се добијат сите тие силни желби и љубов. Ќе ве известувам и понатака за својата состојба“, напиша актерот неодамна на својот Твитер профил.

Холивудската кариера на актерскиот великан се протега низ шест децении, а тој глумел во повеќе од 70 долгометражни филмови. Пред десет години тој доби Оскар за најдобар главен актер во филмот „Crazy Heart“, а минатата година доби и награда за животно дело.

Слични објави

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin
Се вчитува....