15:30 - 7 ноември, 2026

(Фото) По семејниот одмор во Египет — Сара Мејс запеа во розов фустан со пердуви во Крушево

По одморот во Египет, македонската музичарка Сара Мејс повторно ѝ се врати на сцената и му се приклучи на караванот „Силно светнал ден“, кој патува низ Македонија по повод 35-годишнината од независноста на земјата.

Овојпат музичко-сценскиот спектакл пристигна во Крушево, каде што на платото Гумење се споија музиката, глумата и танцот. По Охрид, Битола и Велес, градот под Бушева Планина беше следната станица на караванот.

Фото: Инстаграм/Сара Мејс

Меѓу учесниците беше и Сара Мејс, која за настапот избра впечатлив розов фустан со бели и розови пердуви. Креацијата е дело на „Ателје бај Соња Марија“, а за нејзиниот изглед се погрижија и Александра Илиеска и Симона Златеска.

Пред настапот, Мејс направи неколку фотографии во зеленилото на Крушево, каде што интензивната розова нијанса на фустанот дополнително дојде до израз.

Фото: Инстаграм/Сара Мејс

По вечерта исполнета со музика, таа сподели фотографии на социјалните мрежи и им се заблагодари на домаќините за пречекот.

„Благодарам Ана и цела нејзина екипа за неверојатното гостопримство“, напиша Мејс, додавајќи: „Крушевчани, ве љубам“.

„Силно светнал ден“ е дел од одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија, а караванот продолжува со настапи и во други македонски градови.

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.
Се вчитува....