02:47 - 7 ноември, 2026

ФОТО | Пејачката ужива во новата љубов: Јелена Розга во врска со седум години помлад готвач

Срцето на атрактивната пејачка го освоил Иван Пажанин, кого го запознала во март, додека гостувала во неговата кулинарска емисија.

Хрватската пејачка Јелена Розга (43) наводно е веќе извесно време во емотивна врска со сплитскиот готвач Иван Пажанин (36), дознава српски „Курир“.

Фото: Инстаграм

Срцето на атрактивната пејачка го освоил седум години помладиот готвач, кого го запознала во март, додека гостувала во неговата кулинарска емисија, каде што била заедно со композиторот Тончи Хуљиќ и пејачот Јоле.

Интересно е што фронтменот на групата „Магазин“ Хуљиќ тогаш рекол дека смета дека е време Јелена да се омажи, а Joле додал дека Иван е слободен и дека и нему му се ближи времето за брак, па двајцата се согласиле дека Јелена и Иван би билe идеален пар.

Фото: Инстаграм

Како што понатаму наведува изворот за „Курир.рс“, тие останале во контакт по снимањето. Тие редовно се допишувале, а згодниот готвач особено ја освоил со својата култура и вниманието, но и кога неколкупати ѝ приредил изненадување во вид на вечера, кога ѝ подготвил специјалитети што ја воодушевиле. Тоа сигурно не му било тешко, бидејќи шармантниот сплиќанец е познат како еден од
најдобрите хрватски готвачи, чии специјалитети ги пробале и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, холивудскиот актер Џон Малковиќ, возачи на Формула 1, но и членови на кралски семејства, меѓу била и принцезата од Монако и многу други.

Фото: Инстаграм

– Таа е пресреќна откако се заедно. Тончи ѝ „кумуваше“ на врската, веднаш се виде дека постојат искри меѓу нив, а каде што има чад, има и оган. Уживаат заедно, но не сакаат јавно да се експонираат, така што засега нема ниту да ја потврдат, ниту да ја демантираат врската. Вљубеноста не може долго да се крие.

Откако влегоа во врската, не се одвојуваат еден од друг, па им падна тешко доаѓањето на Јелена во Белград пред неколку денови, каде што снимаше емисија со нејзината колешка Наташа Беквалац – раскажал изворот за „Курир.рс“.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....