17.8 C
Скопје
18:22 - 28 март, 2024

ФОТО: Овојпат сопственик на винарија: Ова е новото момче на Северина?

Во  естрадните круговите во Хрватска наголемо се „шушка“ дека од ова лето Северина Којиќ (48) наводно била во врска со Томислав Воштиниќ, разведен сопственик на винарија од Иваниќ Град, кој е десет години помлад од неа!?

Долго време се шпекулираше дека пејачката и нејзиниот сопруг Игор Којиќ не се во добри односи и дека раскинувањето е дефинитивно. Ова е поткрепено со фактот дека Севе не стапна во Србија повеќе од шест месеци. Со сите шпекулации за распад на бракот, последните месеци главна тема меѓу нејзините колеги во нејзината земја беше нејзиното, наводно ново момче.

Фото: Инстаграм

Извор од Хрватска, за српски Курир изјавил дека тоа е јавна тајна и дека никој од тимот на пејачката или винаријата, сепак нема да тоа јавно да го објави. Многумина веруваат дека тоа е затоа што Севе сè уште е мажена за синот на Кеба. Соговорникот тврди дека Северина и Воштиниќ се запознале на почетокот на ова лето преку заеднички пријатели и дека  веднаш за појавиле љубовни искри. Тие, наводно, продолжиле да комуницираат преку телефон и социјалните мрежи и наскоро започнале врска.

Воштиниќ ја следи Северина на Инстаграм и ги лајкува скоро сите нејзини објави, но, сепак го следи и Игор, веројатно со цел да не го привлече вниманието на јавноста, тврди изворот кој добро ја познава пејачката.

Наводно, таа поголемиот дел од летото го поминала на имотот на нејзиниот партнер во Граберје Иванишки, каде покрај 3,5 хектари лозја, Воштиниќ има и своја винарија. Тој неодамна се преселил таму од Иваниќ Град, веројатно по разводот од неговата сопруга, со која има две деца. Според изворот, Томислав е пристоен, вреден и амбициозен човек, а  останал и во добри односи со неговата поранешна сопруга.

Томислав Воштиниќ

Тој потврдил дека е разведен во неодамнешното интервју за веб-страницата „Винска приказна“, каде што, додека зборувал за неговиот бизнис, ја спомнал својата поранешна сопруга. Интересно е тоа што Воштиниќ е оптичар по професија и дека се занимавал со овој семеен бизнис седум години.

Томислав Воштиниќ

Сепак, во исто време, тој отишол во куќата на неговиот дедо во Граберје Иванишко, каде и му се родила љубовта кон виното. Потоа се откажал од сигурната работа и се посветил на ванската уметност, во која денес е многу успешен и добро заработува.

Слични објави

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо

(Фото) Весна Змијанац бакна непознат маж: Помлад од неа и покриен со тетоважи

Еспресо

(Фото) Ова е сестрата на Драгана Мирковиќ, неверојатно си личат: Таа ѝ е најголема поддршка!

еспресо

(Фото+видео) Теодора Џехверовиќ првпат „уловена“ со новиот дечко: Пејачката ужива во љубовта со познат кошаркар

Еспресо

Прва објава на Тони Бијелиќ за разводот со Драгана и неговата љубовница: Отсекогаш сум бил чесен и достоинствен!

Еспресо
Се вчитува....