08:35 - 7 април, 2026

(ФОТО) ОВА Е СУЗАНА ТУРУНЏИЕВА во очите на ЕДНА НЕЈЗИНА УЧЕНИЧКА: Што излегува од устата на Сузе на цртежот?

Нашата позната пејачка, водителка, писателка и професорка Сузана Турунџиева на својот фејсбук – профил сподели фотографија од еден интересен цртеж кој го добила на подарок од своја ученичка.

Еден ученичка ја нацртала својата наставничка Сузе и и го подарила цртежот. Тоа што е интересно на овој цртеж е тоа што од устата на Сузана излегува нешто необично.

„Денес после долгиот разговор кој го имав со најмалите ученичиња, една од нив ми пријде и ми кажа дека ме нацртала додека зборував. Го погледнав зачудено цртежов и ја прашав што е тоа што излегува од мојата уста на цртежот“ – напиша Турунџиева во описот на објавата.

„Виножито наставничке, затоа што секогаш убаво ни раскажувате“ – бил одговорот на уметницата на овој прекрасен цртеж.

„Па има ли поубав комплимент?“ – напиша Сузана завршувајќи ја објавата.

Цртежот за рекорден период собра стотици допаѓања на социјалните мрежи од бројните фанови на Сузе.

Слични објави

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.
Се вчитува....