7.8 C
Скопје
21:11 - 1 април, 2026

ФОТО: Омилената актерка сурово ја исмеваат – Гнев и бес поради украсот на новогодишната елка на Џенифер Анистон

Иако на социјалните мрежи редовно зборува за пандемијата и за важноста на носењето маски, Џенифер Анистон малку се занела при изборот на новогодишни украси, што вознемири многу нејзини обожаватели.

Иако има милиони обожаватели низ светот, актерката очигледно налути многумина и тоа поради нејзиниот непромислен потег. Имено, на Инстаграм се пофали со еден специфичен новогодишен украс со кој ја украсила елката – дрвена плочка на која пишува „нашата прва пандемија 2020“.

Штом го видоа божиќниот украс, нејзините обожаватели ја опсипаа со куп коментари во кои изразија разочарување, тага и гнев поради потегот на актерката. Иако Анистон сигурно немала лоши намери, таа си ја загрози репутацијата.

„Дали Џенифер Анистон е ок?“, „Доста ми е од богатите луѓе“, „Славните личности навистина живеат во друг свет“, беа некои од коментарите на социјалните мрежи.

Сепак, некои застанаа во нејзина одбрана, тврдејќи дека тоа е безопасна шега и истакнувајќи дека актерката веќе го користела својот профил за промовирање активизам во текот на 2020 година.

„Сфаќам дека маските се непријатни и неудобни. Но, зарем не е полошо што компаниите пропаѓаат, луѓето губат работа, здравствените работници се апсолутно исцрпени. Овој вирус однесе толку многу животи затоа што не правиме доволно“, порача Анистон пред неколку месеци.

Слични објави

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо
Се вчитува....