13:26 - 3 април, 2026

(ФОТО) ОДБЕРЕТЕ КАПУТ ВО ОВИЕ ДВЕ БОИ: Следете го примерот на Анџелина Џоли и никогаш нема да погрешите!

Капутот е неизбежно модно парче за време на зимските денови. И додека љубителите на полежерен стил на облекување претпочитаат различни типови на јакни, жените кои претпочитаат елеганција почесто избираат зимски палта.

Очекувано, меѓу најелегантните и најбараните модели на капути се оние во неутрални бои за сите временски услови. Секако, станува збор за модели во црна и беж боја.

Фото: Профимедиа

Прилагодливи за сите прилики и незабележителни, црните и (или) бежовите палта се едно од оние парчиња кои вреди да ги имате во плакарот бидејќи навистина не можете да погрешите со нив.

Фото: Профимедиа

Тоа го знае и Анџелина Џоли, која најчесто ја гледаме во овие модели. Познатата 46-годишна американска актерка отишла на шопинг со својот 18-годишен син Пакс облечена во многу едноставна комбинација, а во целиот моден изглед доминира црното палто.

Фото: Профимедиа

Неодамна во неколку наврати беше видена во друштво на своите деца во беж капут. Анџелина редовно ги менува моделите на капути кои се исклучиво во овие две бои, а повремено папараците може да ја уловат со сив или бел капут.

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа

Сепак, таа е најверна на црната и беж боја, кои со години доминираат во нејзината гардероба.

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....