21:50 - 22 септември, 2026

(Фото) „Носот ми се сруши настрана“: Српската водителка издеформирана, мора да се подложи на седма операција

Водителката на српското реално шоу „Елита“, Душица Јаковљевиќ, откри дека мора да се подложи на седма операција на носот бидејќи ѝ се издеформирал носот, пишува српски „Курир“.

На тоа се одлучила по низата проблеми со кои се соочила во последните месеци.

Душица веќе некое време е во центарот на вниманието поради деформациите на носот, особено по нејзиното појавување во финалето на реалното шоу „Елита 9“, каде што изненади многумина со својот изглед. Поради сето ова, таа одлучи повторно да оди под нож.

– Се случи да имам шест интервенции на синусите – нехируршки, извршени со радиобранови. Ова е она што многумина погрешно го толкуваат како шест операции. Покрај тоа, имами  шест алергии. Инаку, генетски сум склона кон девијација, бидејќи и од страната на татко ми и од страната на мајка ми во семејството имаме силни коски. Во еден момент посакав да го направам носот малку да го скратам и намалам, бидејќи тоа едноставно ми се допаѓаше. Се придржував на сите препораки во текот на закрепнувањето, но за жал, носот се сруши на едната страна додека заздравуваше. Токму таму каде што беше девијацијата, се сруши и предниот дел. Не е ништо страшно, но очекувам уште една операција што би требало да среди сè, бидејќи се прави со различен метод. Ако и тоа не успее, постои можност и за трета – објаснила Душица во емисијата „Откритие со Милена“.

Фотографиите од Душица Јаковљевиќ можете да ги погледнете – ТУКА.

 

Слични објави

Сузана Манчиќ за новата улога на баба: „Ѝ реков на ќерка ми дека нема многу да ѝ помагам“

Еспресо

Милиќ Вукашиновиќ жестоко го прозва Бреговиќ: „Стана мала селска измамничка“

Еспресо

„Еден бакнеж“, песната од која Нина Спирова не била воодушевена, а станала нејзин заштитен знак

Т.Ц.

(Фото) Полноќно изненадување за Маја Шупут во хотелската соба – го прослави роденденот во Лондон

Еспресо

(Фото) Македонскиот шминкер Марјан Петров го прослави роденденот во Милано, се сретна со Адријана Лима и Сијара

Еспресо

(Фото) Сања Кужет ја доведе линијата до совршенство – откри како ослабе 18 килограми по породувањето

Еспресо
Се вчитува....