15:44 - 25 август, 2026

Зборови од кои се плаче: Пријателка на Јулија раскажа емотивна приказна за нејзината покојна ќерка

Срцепарателни зборови за починатата ќерка на пејачката Јулија, сподели нејзина добра пријателка.
Во мај во 2022 година, на 41-годишна возраст, по две години борба со ракот, почина уметницата Андријана Мациевска, ќерка и единствено дете на пејачката и водителка Јулија Мациевска.
Јулија продолжи да ги слави животот и делото на својата ќерка, и да ѝ биде голема поддршка на внуката Стефанија која е инаку актерка.
Јулија летово ја промовираше автобиографската книга на Андријана „ЈАС СУМ ЖИВА“ во издание на „Икона“. Коавтор на книгата е Јулија која вели дека морала да ја заврши, зашто тоа не успеала тоа да го направи нејзината ќерка.
– Чекав да ми се смират емоциите и да напишам некој збор, особено што ја знам Ан, а мајка ѝ ми е пријателка. „Јас сум жива“ дише со срцето на Ан – кревко, детско, полно со прашања што болат и љубов што не престанува.
Натопена со емоции, со тивки преиспитувања и со болка што ја чувствуваш кога нешто те трогнува до душата и подлабоко. До самото постоење. Ан не можеше да разбере зошто некои луѓе се нечесни, зошто љубовта не ги допира сите еднакво.
Но, токму низ тие рани, таа расте, учи, простува, разбира и е благодарна. Нејзиниот дневник е како светло во ноќта, на моменти тежок до непребол, бидејќи се бори со болеста, на моменти топол повик за сите жени што се од истата страна, а сепак љубат без страв, без граници – да ги охрабри и исправи.
Книгата започнува со гласот на ќерка, а завршува со допирот на мајка Јулија, која со своето сведоштво му дава живот на сè што не може да се види, туку се чувствува.

Дневник за постоење и после најголемата болката, за љубов што не завршува, туку продолжува во тивка, светла бесконечност. „Јас сум жива“ ја читав со стегнато срце, со трепет во градите, како да ја допирав нејзината душа, а таа мојата. Ан – напиша новинарката Вања Тодоровска, а ова Јулија го сподели на својот фејсбук-профил.

Фото/Фејсбук

Слични објави

(Видео) „Холивуд, чекај ме!“: Андрија Милошевиќ во шорцеви и раскопчана кошула возеше автобус

Еспресо

(Фото) Мебел што не излегува од мода – изберете квалитет од масивно дрво со Wood Room“

Еспресо

(Фото) Ќе ги препознаете ли? Мартин и Стефан од „Некст тајм“ како деца маскирани во Станлио и Олио

Еспресо

(Фото) Само најдоброто за малата Тара – Раста крстари со ќерката на луксузна јахта, сподели семејни моменти

Еспресо

„Летај галебе“ ми дојде на сон: Како Кире Костов ја создаде песната што Верица Ристевска ја претвори во евергрин

Т.Ц.

(Фото) Мислела дека никој не ја снима: Вака се однесува Александра Пријовиќ со обожавателка

Еспресо
Се вчитува....