03:29 - 7 ноември, 2026

ФОТО: Моника Белучи блеска и на 57 години: Со новите фотографии ги запали социјалните мрежи

Италијанската актерка Моника Белучи (56) позираше за ноемвриското издание на магазинот „Вог Италија“ и по тој повод изгледаше нереално секси и убаво со оглед дека се приближува до 7-та деценија од нејзиниот живот.

Имено, најубавата жена на светот објави две фотографии на социјалната мрежа Инстаграм – едната на која позира сама, додека на другата позира со многу помлад маж.

Instagram
Instagram

Во студиото во Фиренца, таа беше фотографирана за една од најпознатите модни куќи, со која соработува од почетокот на нејзината кариера.

– Штотуку излезе италијанскиот Вог. Од студиото во Фиренца за ноемврискиот број на списанието, напиша Моника.

На една фотографија таа е облечена во тесен црн фустан, додека косата е убаво исчешлана и обликувана, а погледите најмногу ги привлекува прекрасно деколте, кое и на 57 години изгледа совршено.

Instagram
Instagram

На таа фотографија, помлад маж во бел мантил ја држи за рака и изгледа како да ги допираат нивните усни, па овој пост најмногу ги разбрани социјалните мрежи.

На втората фотографија, Моника позира само во хулахопки и црн градник, додека го држи фустанот во рака, и се наоѓа во студиото за скулптури. Со овие две објави, таа собра скоро половина милион лајкови, додека 3,6 милиони следбеници ја следат на нејзиниот Инстаграм профил.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....