01:03 - 10 ноември, 2026

(ФОТО) МИНУС 28 КИЛОГРАМИ ЗА ДВА МЕСЕЦА: Покрај операцијата, Ивона Јо направи големи промени во животните навики

Поминаа нешто повеќе од два месеца од операцијата во Турција, кратење на желудник која нашата млада пејачка и инфлуенсерка Ивона Ивановиќ од Куманово попозната како Ивона Јо ја направи со цел за поздрав и поудобен живот.

Ивона Јо е една прекрасна млада дама која нема проблем да зборува за себе, за своите успеси и падови, емоционални и физички транзиции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)


Ивона со години мотивира и инспирира на социјалните мрежи, споделувајќи лични искуства, помагајќи им на другите полесно и побрзо да се соочат со „своите демони“, да се сакаат и да се борат да видат нова и подобра верзија од самите себеси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)

Младата пејачка и инфлуенсерка за два месеца успеа да намали 28 килограми, а прекрасната промена ја овековечи со фотосесија на која изгледа неодоливо.

– Многу емоции насоберени во мене имам денес. Испомешано ми е се. Но едно сигурно знам. Го живеам животот во овој момент и благодарна сум на можноста да бидам среќна и исполнета.
28 килограми си заминаа и го напуштија моето тело засекогаш. Секој килограм остава трага на моето тело надевајќи се дека никогаш нема да заборавам низ што се поминавме заедно.
За овие два месеца најважната лекција за совладување ми беше спроведување на здрави навики во исхраната.

– Јадење на 3 часа
 – Пиење на течност
– 30 минути пред и после јадење течност НЕ
– Внес на протеини
– Физичка активност
– Сон од 7-8 часа дневно, стои во описот на една од фотографиите на Ивона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)



Ивона блеска, а секоја нејзин предизвик и целокупната  промена на животните навики несебично ја споделува со своите фанови со цел да ги мотивира да создадат подобра верзија од себеси, бидејќи здравјето нема цена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)


– Ќе го славам секој ден затоа што заслужувам! Заслужува секој! Заслужуваш затоа што на крајот од денот поминува се’. Останува убавината на денот и магијата на твоето постоење. N a m a s t e, завршува Ивона објавувајќи уште една прекрасна фотографија од фотосесијата.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....