4.8 C
Скопје
07:38 - 17 март, 2026

(ФОТО) ЌЕРКИТЕ НА АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ЗАБЛЕСКАА НА ЦРВНИОТ ТЕПИХ: Младите дами го украдоа вниманието покрај славната мајка

Анџелина Џоли (46) се појави на црвениот тепих во Рим, промовирајќи го својот нов филм. Актерката беше облечена во неодолив сребрен фустан, без прерамки, екстремно тесен и долг, надополнувајќи го изгледот со надоградената долга права коса до половината. Сепак, најголемо внимание на црвениот тепих го привлече нејзината придружба, нејзините две прекрасни ќерки Захара и Шајло.

Иако двете млади дами беа совршено стилизирани, во фокусот на вниманието беше изгледот на петнаесет годишната Шајло

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelina Jolie (@theangelinajollie_)


Облечена во црн мини фустан, интересни патики со принт, елегантна фризура и нежна шминка, Шајло блескаше на црвениот тепих. Ова е драстична промена. Нејзината славна мајка до вчера гордо не зборуваше за тоа како Шајло сака да биде момче и како сака да ја нарекуваат Џон?

Изгледа некој се предомислил!

Покрај Шалјо на црвениот тепих заблеска и Захара (16), најстарата ќерка на Анџелина Џоли, која уште еднаш покажа дека има префинет вкус за мода појавувајќи се во долг елегантен фустан.

Се чини дека Анџелина сфатила едно: за да заблеска на црвениот тепих, не и треба подобра придружба од нејзините ќерки! Среќна и задоволна, и покрај проблемите околу разводот со поранешениот сопруг актерот Бред Бит и долгата борба за старателство, актерката блескаше покрај ќерките.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....