10.8 C
Скопје
18:48 - 24 март, 2026

ФОТО|Јелена Карлеуша и Наташа Беквалац приредија вистинска новогодишна бајка! Погледнете ја зимската магија во домот на пејачките

Бројни познати личности веќе започнаа со украсување на своите домови за Нова Година. Една од нив е и Јелена Карлеуша која својот дом го направи во новогодишна бајка и покрај различните украси и големата елка, постави и знак ЈК.

Во сличен стил на Карлеуша, со бели и златни украси, својот дом го разубави и нејзината колешка Наташа Беквалац, која исто така се пофали на социјалните мрежи.

Јелена буквално мислела на секој агол од нејзината вила на Дедиње, па целата куќа ја украсила во нежни тонови. Нема сомнение дека пејачката и нејзините ќерки уживале во украсувањето на својот домот.

Од друга страна, Наташа ја покажа својата новогодишна елка и како ужива на каучот со новогодишни чорапи.

Елката на пејачката е огромна, со неколку украси во нежни тонови, а судејќи според реакциите, на многумина им се допадна. Наташа во описот на фотографијата се прости од оваа година.

  • Добро утро и среќна Нова 2021 година. Сакам сите да бидеме здрави. Би сакалa повторно да ги гушнам мама и тато. Научивме многу, драга 2020 година додека траеше, благодарам, затоа се збогувам со тебе толку долго и свечено. Благодарам и збогум – напиша пејачката под фотографијата.

Погледнете ја прекрасната новогодишна атмосфера во домот на пејачките:

Наташа Беквалац/Инстаграм
Јелена Карлеуша/Инстаграм
Јелена Карлеуша/Инстаграм
Јелена Карлеуша/Инстаграм

Слични објави

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо

Како Борис Дворник ја измамил сопругата за да се заљуби во него

Еспресо

Ана Радуловиќ се разболела по разводот, има неколку дијагнози: „Пијам лекови наутро и навечер“

Еспресо

(Видео) „Можеби оваа тага ќе престане“: Пејачката објави емотивно видео од Зорица Брунцлик, се моли за нејзиното здравје

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо
Се вчитува....