16:33 - 6 април, 2026

ФОТО | ФАНОВИТЕ ПОЛУДЕА: Кал Дрого и Денерис Таргариен објавија заеднички фотографии

кал грого емилија клард џејсон мома калиси игра на тронови

Ултра-згодниот Џејсон Момоа и актерката Емилија Кларк објавија заеднички фотографии на Инстаграм и ги воодушевија фановите на серијата „Игра на тронови“.

Денерис Таргариен и Кал Дрого, омилената двојка од првата сезона на серијата се сретнаа викендов за да ги прослават своите родендени.

Емилија објави фотографија на која Џејсон ја држи во раце

View this post on Instagram

A post shared by @emilia_clarke

„Кога вашето сонце и sвезди доаѓаат во градот, проверувате дали сè уште може да ја крене Калиси“, напиша таа покрај фотографијата, која собра повеќе од 4,5 милиони лајкови.

Џејсон исто така објави неколку фотографии од прославата

„Месечината на мојот живот. Ти си прекрасна, те сакам засекогаш”, напиша Момоа на објавата со колешката Кларк.

Фановите на „Игра на тронови“ беа воодушевени од овие фотографии. „Мајката на змејови повторно го среќава својот сопруг“, „Бесценета“, „Моите двајца омилени актери на една фотографија“, „Секогаш кога ве гледам заедно, срцето ми се топи“, „Вие сте толку слатки заедно“, се само некои од коментарите на обожавателите.

Слични објави

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.
Се вчитува....