6.8 C
Скопје
20:45 - 10 март, 2026

ФОТО: Елен Деџенерис за првпат видена во јавноста по тешките обвинувања за злоставување на вработените – Сега е пристојна дури и со папараците

Елен Деџенерис во последните месеци се соочи со грозоморни обвинувања на своја сметка, а и покрај тоа пред неколку дена ја освои наградата „People’s Choice“ за најдобро ток-шоу во Америка.

Една од најпопуларните телевизиски водителки на светот, Американката Елен Деџенерис против која во изминатите месеци се изнесоа шокантни детали за злоставување и малтретирање на работното место, пред неколку дена и покрај се ја доби наградата „People`s Choise“. Папараците сега за првпат ја фатија во јавноста, а Елен заминала на ручек со своја пријателка притоа пристојно мафтајки им на фотографите.

Фото: Профимедиа

„Фановите ми се се на светот. Не би била тука каде што сум без своите фанови“, изјави пред неколку дена Деџенерис откако ја доби наградата.

Нејзиното шоу се врати на малите екрани и во моментот се снима 18-та сезона, а самата водителка неодамна се осврна на обвинувањата на своја сметка.

„Можеби ќе имате прилика да слушнете ова лето, се појавија наводни обвинувања за токсична работна атмосфера во нашето шоу, а потоа е започната и истрага. Дознав дека тука се случувале некои работи кои никогаш не смееле да се случат. Тоа го сфаќам многу сериозно и сакам да кажам дека ми е жал за сите луѓе кои биле повредени“, изјави Елен. Таа додаде дека е свесна за својата слава, својата положба во општеството и моќта, но дека требала да биде посвесна за тоа што се случува зад камерите.

Фото: Профмедиа

Елен Деџенерис и нејзината сопруга Портиа де Роси инаку се познати и по честото менување на вилите во кои живеат. Омилено им е подрачјето Монтесито и неретко тука купуваат и продаваат вили. Тие моментално живеат во вила во Беверли Хилс, која од пејачот Адам Левин ја купија минатата година за 45 милиони долари. Тие се сопственички на неколку недвижнини, и во тоа немаат намера да запрат.

Слични објави

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо
Се вчитува....