13:13 - 3 април, 2026

ФОТО: Една од најплатените и најубави жени во Холивуд наполни 36 години – Да се потсетиме како се менуваше таа низ годините

Слатката Скарлет Јохансон преку ноќ порасна во една од најсексипилните актерки во Холивуд и жени воопшто, а по повод нејзиниот роденден се сеќаваме како славната актерка се менуваше низ годините…


Иако е родена во Бронкс, од страната на нејзиниот татко таа влече дански корени, што го објаснува нејзиниот блонди тен, сините очи и светлата коса. Започна да глуми уште како дете, најпрвин во кината во Њујорк, а од 1944 година и на филм.


Светската слава ја стекна во улогата „Шептач на коњи“ која со подоцнежните улоги во филмовите „Загубени во преводот“ и „Завршен удар“ само ја потврди. По снимањето на филмот „Завршен удар“ режисерот Вуди Ален ја прогласи за своја нова муза.

Фото: Профимедиа


Кога само што започна да се појавува на црвените теписи, како на пример на премиерата на филмот „He’s Just Not That into You“, Скарлет Јохансон беше американска убавица пред која стоеше блескавата кариера за филм. Денес 36-гдишната актерка е една од најбараните и најплатените во Холивуд, а многумина ја сметаат и за една од најубавите жени во светот.


Таа имаше смеѓа долга коса како типична американска девојка од соседството, но со тек на време започна да експериментира и многу брзо стана секс симбол по кој мажите мечтаат.


Фото: Профимедиа

Седум години откако магазинот „Esquire“ ја прогласи за најсексипилна жена во светот, прекрасната актерка во 2013 година стана првата која оваа титула ја освои по втор пат, а истата година беше прогласена и за најдобра актерка на филмскиот фестивал во Рим.

Фото: Профимедиа


Ѕвездата од Марвеловите филмови зад себе има брак со актерот колега Рајан Рејнолдс и францускиот новинар Ромаине Доуриак со кој ја има петгодишната ќерка Роуз, а по двата пропаднати брака вербата во љубов и ја врати Колин Јост, звездата и коавтор на шоуто „Saturday Night Live“, со кој заплови во брачните води на крајот на октомври со мала скромна интимна церемонија.

Фото: Профимедиа


Скарлет и Колин се запознале во текот на неговата прва година на работење на шоуто „Saturday Night Live“ кога тој добил задача да направи скеч за славната актерка.


„Се сеќавам на неа, прекрасна, паметна, пријатна и застрашувачки софистицирана. Ја имаше и таа грациозност и насмевка кога никогаш претходно, а ниту подоцна не ја видов кај никој друг“, откри Колин Јост.

Фото: Профимедиа

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо
Се вчитува....