12:25 - 9 ноември, 2026

(ФОТО) ДРУ БАРИМОР И КАМЕРОН ДИЈАЗ СПОДЕЛИЈА НЕРЕТУШИРАНА ФОТОГРАФИЈА: Обожавателите се воодушевени

камерон дијаз дру баримор

Дру Баримор објави неизменета, неретуширана фотографија на нејзниот инстаграм-профил со Камерон Дијаз. И Баримор(46) и Дијаз(49) блескаат на неизменетата фотографија каде нивните брчки и линии се целосно прикажани.

Двете изгледат гламурозно, гушнати со меки насмевки. Камерон Дијаз блесна со црвени усни и сини ѓердани што ги истакнаа нејзините светло сини очи во целосно црн ансамбл, додека Дру Бaримор носи шарен црвен фустан со дезен со усни и златни алки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Drew Barrymore (@drewbarrymore)

„Време поминато со мојата најдобра другарка!“, напиша Бaримор на фотографијата на „Инстаграм“ со нејзината колешка од „Чарлиевите ангели“.

Дру Баримор и Камерон Дијаз ја оставија својата природна убавина да блесне на непроменета слика. Обожавателите веднаш излегоа во делот за коментари за да ги пофалат двете убавици за природниот изглед.

„Многу ми се допаѓа ова, убавина без филтри и засилувачи – ова им треба повеќе на социјалните медиуми“, „Прекрасно, грациозно ја прифаќате својата возраст“, „Може ли само да ви се заблагодарам што не ја уредувате оваа фотографија“, се само дел од коментарите.

Слични објави

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.
Се вчитува....