11:28 - 27 ноември, 2026

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

акедонската водителка Цеце Николова сподели фотографии од теретана и покажа дел од својата рутина за вежбање.

Водителката на Канал 5 е посветена на физичката активност, а овојпат на својот профил на „Инстаграм“ објави фотографија направена непосредно пред почетокот на тренингот.

Облечена во црни кратки хеланки и беж спортска маичка, Цеце позираше пред огледалото во теретаната, а фотографијата ја проследи со коментар во нејзин препознатлив хумористичен стил.

„Овде уште немам почнато со вежбање, затоа толку радосна“, напиша таа.

Фото: Скриншот

Дека редовните тренинзи се дел од нејзиното секојдневие може да се забележи и од нејзините објави на социјалните мрежи, каде што повремено споделува моменти од теретаната.

По спортското издание, Николова објави и фотографии од телевизиското студио. Пред камерите се појави во тесен беж фустан со набран детаљ во пределот на половината, кој го комбинираше со потпетици и дискретен накит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cece Nikolova 🍭 (@nikolova.cc)

Слични објави

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо
Се вчитува....