17.8 C
Скопје
21:02 - 27 септември, 2026

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Хрватската пејачка Алка Вуица, која со децении е присутна на регионалната музичка сцена, отворено проговори за љубовта, поранешните партнери и за тоа зошто денес не чувствува потреба да биде во врска по секоја цена.

Вуица, која има 65 години, неодамна гостуваше во подкаст на хрватски медиум, каде што без воздржување зборуваше за својот сегашен однос кон љубовта и мажите.

„Јас сум препаметна, преубава и никој не ми е рамен. Неодамна ја гледав Џејн Фонда која рече: ‘Ве молам, каков маж?! Ми требаат добри пријатели, патувања, воопшто не ме интересира тоа’.

Мажите бараат многу, треба многу да им се даде, а јас не сум заљубена во никој. Па да бидам во врска само заради тоа што сум во врска, тоа не го сакам“, изјави пејачката.

Алка се наврати и на поранешните партнери, откривајќи дека, според неа, не биле особено дарежливи. Иако добивала подароци, вели дека поголемите желби секогаш си ги исполнувала сама.

„Никогаш немав дечковци кои беа дарежливи, претежно беа скржави.

Да, ќе добиев шампањ, ѓердан, некој парфем, марама од Hermes, но да се разбудам и ќе видам Audi А6 со црвена машна пред вратата, што отсекогаш го сакав – никогаш не сум го доживеала тоа.

Секогаш сама си купував такви работи за себе. Сè заработував сама“, раскажа Вуица.

Пејачката и претходно јавно зборувала за своите љубовни искуства. Во едно од поранешните интервјуа признала дека била во врска со оженет маж, искуство за кое денес вели дека не би го препорачала на ниту една жена.

„За жал, бев и љубовница. И мислам дека е понижувачки за жена и би им препорачала на сите да не влегуваат во таква врска. Мислите дека можете да излезете од тоа неповредени, но не можете.

Ниеден нормален човек не може да се согласи да биде втор некому. И всушност е страшно како тие момци што заведуваат, бидејќи мажите што имаат љубовници го прават тоа, тие заведуваат, секогаш имаат своја тажна приказна, на која ние жените паѓаме“, изјавила таа.

Покрај музиката, Вуица е активна и на социјалните мрежи, каде што редовно споделува моменти од секојдневието и патувањата. Неодамна објави и фотографија од едрилица, на која позира во костим за капење.

Слични објави

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо

Сашко Коцев и Смиљана прославија 14 години брак – Актерот ја запроси својата сакана пред преполната Универзална сала

Еспресо

Хороскоп за 27 септември: Раковите ќе најдат сигурност во тивка поддршка, Девиците ќе средат нешта што долго им тежеле

Еспресо
Се вчитува....