19:36 - 31 октомври, 2026

(Фото) Александра Пријовиќ во проѕирно боди на промоцијата на Брена: „Филип сака да ме гледа во вакво издание, а кој маж не сака?“

Пејачката Лепа Брена вчеравечер во луксузен хотел во Белград организираше промоција на новите производи од нејзината модна линија „Лејди Б“.

Покрај бројните познати личности кои дојдоа на промоцијата, вниманието го „украде“ снашката Алксандра Пријовиќ која на промоцијата дојде во секси издание.

За оваа прилика Александра избра црно проѕирно боди во комбинација со фармерки, црно сако со дискретни риги и црна марама. Изгледот го заокружи со црна чанта.

„Сега сум во добра форма и се што ќе облечам убаво ми стои. Филип сака да ме гледа во вакво издание, а кој маж не сака?“ – им рекла Александра на новинарите со насмевка.

Инаку, нејзиниот свекор Боба Живоиновиќ веднаш ѝ пријде да ја поздрави, ја прегрна, а потоа си поразговараа.

„Блеска, каде и да е појави“ – гласи еден од бројните пофални коментари на социјалните мрежи.

 

Слични објави

(Видео) Жаре од „Еден на еден“ се присети на Тоше Проески: „Таква енергија не можеш да опишеш со зборови“

К.С.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ со својот син наскоро пристигнуваат во Србија – во семејството се подготвува голема прослава

Еспресо

Балкански музички ѕвезди кои трагично ги загубија животите во сообраќајни несреќи

Е.А.

Сестрата на Тоше Проески, Дора, сподели емотивно видео од Тоше со татко му Никола

Еспресо

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

За Ноќта на вештерките — балкански хорор-филмови што ќе ве натераат да спиете со запалено светло

К.С.
Се вчитува....