06:18 - 10 јануари, 2026

(ФОТО) 7 СОВЕТИ ЗА СУПЕРИОРЕН СТИЛ ИНСПИРИРАНИ ОД АНА ВИНТУР: Со малку пари бидете модна икона

Ана Винтур без сомнение е највлијателната жена во светот на модата, па не е чудно што модните дизајнери често ги менуваа колекциите во последен момент поради нејзиното мислење. Во продолжение ви ги оставаме правилата за добро облекување на најстрогата модна критичарка

Рециклирајте облека

Некои од најголемите светски ѕвезди никогаш нема да ги видите двапати во исто парче облека или комбинација. Ќе ја облече еднаш и ќе заборави на неа. Ана не се согласува со тоа и не советува да ја рециклираме облеката: Секогаш е забавно да се има нешто ново, но тоа не значи дека треба да исфрлите се што е веќе во вашиот плакар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Wintour (@wintourworld)


„Рециклирај. Тоа е во ред. Јас дури и би го препорачала“, истакнува Ана Винтур.

Наместо на трендовите, верувајте и на класиката

Не дозволувајте најпопуларните парчиња облека кои моментално се „in“ да преовладуваат во вашата гардероба и секогаш оставајте најмногу простор за класичната облека. Сепак, постојат и вечни трендови кои одамна станаа класици.
<

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UPAPA (@upapaworld)

Избегнувајте логоа и натписи на облеката

Ана Винтур преферира дискретни парчиња облека, без впечатливи натписи и логоа кои го одвлекуваат вниманието од она што е најважно во модата – убавината на облеката, нивниот крој, дизајн и боја. Купувањето вакви парчиња е поисплатливо на долг рок бидејќи веројатно ќе ви здосадат маички со некој инспиративен цитат или лик од цртан филм, но секогаш ќе сакате повторно да носите едноставна маичка бидејќи полесно е да ја комбинирате во разни прилики.

Останете верни на облеката и обувките кои добро ви стојат

Ана го носи истиот модел на чевли повеќе од 20 години. Сандалите на Маноло Бланк првпат ги  облекла во 1994 година и оттогаш не може без нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Wintour (@wintourworld)

Избегнувајте вештачки материјали

Кога Ана ја прашале кој моден тренд ќе го забрани засекогаш, таа одговорила: Навистина не сакам најлон. Највлијателната жена во светот на модата претпочита што е можно повеќе природни материјали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SARAH AK (@davincicode7)

Изберете облека која и се додворува на вашата фигура

„Килотите се одлична идеја ако сте високи како Карли Клос“, изјави во една прилика Винтур. Погрижете се да бидете поласкани од кроевите што сакате да ги носите за да го извлечете најдоброто од облеката што ја купувате.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Wintour (@wintourworld)

 Што подалеку од флуоресцентни бои

За време на минатогодишниот тениски турнир US Open, Винтур имаше еден важен совет за посетителите кои ќе ги следат натпреварите во живо: Не заборавајте да ги носите очилата за сонце, особено ако тенисерите инсистираат да ги носат тие грди флуоресцентни бои. Сака и смели бои и не се колеба да ги носи, но во нејзиниот гардеробер нема место за флуоресцентни.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....