06:46 - 4 април, 2026

Пенелопе Круз и Антонио Бандерас снимаат нов филм: Ќе заиграат по третпат заедно! (ВИДЕО)

Откако нивниот последен заеднички филм „Dolor y gloria“ собра бројни награди и позитивни критики,  двајцата најпознати шпански актери, Пенелопе Круз и Антонио Бандерас, снимаат нов филм под наслов „Competencia Oficial“.

Новото остварување ќе го режираат аргентинските режисери Маријано Кон и Гастон Дупрат, а покрај нив во главната улога ќе се појави и аргентинскиот актер Оскар Мартинез.

Снимањето на филмот започна овој месец во продукција на „The mediapro studio“, на чиј Инстаграм профил се најде и оваа објава.

Ова ќе биде третиот филм во кој Круз и Бандерас ќе глумат заедно, но првиот кој нема да биде во режија на Педро Алмодовар.

Двајцата актери претходно заедно ги толкуваа улогите во филмот „Los amantes pasajeros“, од 2013 година, а потоа и во веќе споменатиот филм „Dolor y gloria“, за кој Алмодовар повеќепати рече дека тоа не е неговата автобиографија, но е едно од неговите најлични остварувања.

Слични објави

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova
Се вчитува....