28.8 C
Скопје
23:37 - 20 август, 2026

Доколку од заразите не ви е преку глава, пристигнува нова серија за Бубонската чума

Оваа болест буквално го покосила Лондон во 17-от век…

Авторот на популарната серија „Викинзи“, Мајкл Хирст, се здружи со ТВ каналот „History“ со цел да ја креира и сними мини-серијата за Бубонската чума која го покоси Лондон во 17-от век, но и целиот свет воопшто.

Под називот „Година на чумата“ (The Plague Year) темата е сместена во 1665 година во престолнината на Велика Британија, во текот на една од најлошите епидемии во историјата во која владеела – Бубонската чума.

Мини серијата е смислена така што ќе го прикаже општеството во транс, во паника и масовно бегство од Лондон, а ќе бидат прикажани и оние кои се одлучиле да останат иако се околу нив се распаѓа.

Низ историјата оваа болест била нарекувана и црна смрт, што се однесува на гангренозното поцрнување и умирање на делови од телото, на пример, прстите на рацете и на нозете. Таа била пренесувана од болвите кои најчесто ги имале стаорците и други слични глодари.

Симптомите вклучувале висока температура, болки во екстремитетите и повраќање на крв. Најкрактеристичен симптом бил отекувањето на лимфните жлезди. Отокот станувал испакнат и лесно видлив, неговата темна боја го давала и името на болеста – црна смрт. Отоците продолжувале да се зголемуваат за на крајот да пукнат. Кратко потоа следела смртта. Целиот процес, од првите симптоми на треска и болки, до крајниот стадиум, трае само три до четири дена. Брзината на болеста, ужасната болка, морничавиот изглед на жртвите, придонесле чумата да биде особено застрашувачка.

Бубонската чума се проширила во краток рок од најсиромашните семејства, па се до кралските дворци.

Сето ова е голема тема која веруваме на режисерот Хирс ќе му послужи во создавањето на серијата, а на нас гледачите ни останува да почекаме на ефектите кои ќе ни бидат послужени за гледање.

Покрај тоа, Хирст воедно го подготвува и продолжението на серијата „Викинзи“, но под називот „Valhala“ – за Нетфликс.

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ ужива на јахта на црногорското крајбрежје – пејачката ја истакна новата фигура во провокативен фустан

Еспресо

(Фото) „Мојата љубов, моето сè“: Јована Јеремиќ блеска од среќа, а Тигар не се одвојува од неа

Еспресо

„Не можам да лажам, сакав веднаш да платам“: Сопругата на Сергеј Трифуновиќ ја раскажа својата страна на приказната за инцидентот во трговскиот центар

Еспресо

(Фото) Згодната сопруга на Милош Биковиќ во тесно трико направи хаос на Инстаграм

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: DISE – прецизно откривање на причината за ‘рчењето и слип апнеа

Еспресо

Мала Цана изнесе тешки обвинувања против ќерките на Андрија Бајиќ: Тврди дека доживеала физичко и вербално насилство

E.A.
Се вчитува....