9.8 C
Скопје
12:41 - 1 април, 2026

Атиџе ѝ ја предвиде иднината гледајќи ѝ на кафе на Сара Џесика Паркер

До победата на филмот на Санденс пред една година, Атиџе Муратова која во недела ќе присуствува на Оскарите, живееше во земјена колиба без струја и вода во зафрлена област во Македонија, а сега е славна личност и во Холивуд, пишува агенцијата Франс прес.

„Медена земја“ е првиот македонски филм во историјата кој добил номинации за Оскар во две категории – најдобар документарец и најдобар странски филм, а главната протагонистка Атиџе стана славна личност која холивудските ѕвезди ја застануваат на улица.

Сара Џесика Паркер беше многу возбудена што ја сретна Атиџе откако го гледала филмот. Атиџе ѝ ја предвиде иднината гледајќи ѝ на кафе – вели продуцентот Атанас Георгиев.

Фото: Фејсбук

Кога Атиџе заминала за Скопје да го проба фустанот што ќе го носи на свеченоста во Лос Анџелес ѝ требале 20 минути за да помине 200 метри, бидејќи толку многу луѓе сакале да се сликаат со неа.

Контрастот не може да биде поголем, имајќи предвид дека Атиџе досега живееше осамено во селото Бекирлија, каде што собираше мед од диви пчели, но секогаш само половина.

Екипата на филмот во меѓувреме ѝ помогна да добие нов дом, блиску до нејзините роднини во „најблиското село до цивилизацијата“.

Формираната е фондацијата „Медена земја“ за неа, за семејството на соседите прикажани во филмот, како и за пошироката заедница, а интернет донаторите откупуваат дел од „био медот“ кој го произведува таа.

Слични објави

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova
Се вчитува....