3.8 C
Скопје
19:00 - 18 декември, 2024

„1917“ – Воената драма што ги растревожи срцата на публиката

Во трката за Оскар, најпрестижната филмска награда што ја доделува Американската академија за филмска уметност, долго време за фаворити се сметаа „Џокер“, „Беше еднаш во Холивуд“ и „Ирецот“, а добро стоеше и Јужнокорејскиот филм „Паразит“. Сепак, во самиот финиш еден „аутсајдер“ им се приближи на овие филмски остварувања и на десетина дена пред гала церемонијата во Лос Анџелес е сметан за најсериозен кандидат за наградата.

Воената драма „1917“ на режисерот Сем Мендес ја доби наградата што ја доделува Гилдата на американски режисери (ДГА), што по традиција претставува и најдобро предвидување кога се во прашање Оскарите. Токму поради оваа награда, шансите на „1917“ за освојување на Оскар во категоријата Најдобар филм се двојно поголеми. Секако дека треба да се додаде дека овој филм беше награден и со Златниот глобус, што уште еден показател за тоа колку вреди филмот на Мендес.

Вкупно десет номинации му беа доделени на „1917“, што во некоја друга прилика би значело доминација. Сепак, годинава „Џокер“ и „Ирецот“ имаат повеќе предлози за Оскар, а добро стои и „Беше еднаш во Холивуд“, па веројатно до самиот крај на прогласувањето трката ќе остане неизвесна.

Мендес оваа награда што ја доделува Гилдата, ја освои пред 20 години за филмот „Американска убавина“, кое е првото ремек-дело британскиот режисер. Во меѓувреме тој стана еден од најбараните во својата професија, а со „1917“ докажа дека не се откажал од уметноста за сметка на комерцијалните проекти.

IMBD

Дедото Алфред

Првата светска војна има да понуди огромоен број епски приказни, кои за жал досега го немаат пронајдено патот до филмското платно. Долги години на огромен број локации се снимаа филмови посветени на ужасот на Втората светска војна, за херојството и страдањето на милиони луѓе од целиот свет. Но откако Европа го одбележи крајот на „Големата војна“ пред две години и интересот за првиот планетарен судир во историја се зголеми.

Приказната раскажана во „1917“ е една од оние за кои досега знаеле само мал број луѓе, а која според својата грандиозност заслужува свој споменик во облик на игран филм. На 6 април во 1917 година, двајца војници добиваат задача да пренесат порака до една изолирана британска единица. Тие треба да се протнат низ непријателските линии за да ја однесат пораката со која треба да се спасат животите на 1600 војници. Нивната задача воопшто не е лесна.
Филмот има големо значење за Мендес, бидејќи е заснован на мемоарите на неговиот дедо, Алфред Мендес, ветеран од Првата светска војна.

– Војниците добиваат задача да пренесат порака. Ништо не е поважно од пораката, најмалку нивните животи – изјави Мендес пред да почне снимањето на спектаклот, кој може да го смести меѓу најголемите режисери на сите времиња.

Дека се подготвува нешто големо, стана јасно кога беше објавено дека актерите за улогите се подготвувале цели шест месеци пред да започне снимањето. Мендес, но и неговите соработници прават извонредно големи подготовки, за да можат да се справат со предизвиците при снимањето. Во една од сцените, во отворени услови е креирана симулација на гром, за што е користена моќност од два мегавати, што е без преседан во филмската историја. Треба да се посочи и дека за сцените се ископани ровови со вкупна должина од 1500 метри, а продуцентите се погрижиле целото место на кое се снимани сцените, да биде копија на Западниот фронт, кој се одвива на територијата на Франција.

IMBD

Лимитирана проекција

Филмот беше пуштен во лимитирана проекција во САД и Велика Британија кон крајот на декември во 2019 година, но тоа не пречеше да оствари заработка од над 200 милиони долари. Се очекува по церемонијата на доделувањето на Оскарите, филмот да биде поставен на редовните репоертоари во киносалите во целиот свет, по што веројатно ќе следи и далеку поголема заработка. Но, тоа што во моментов е битно е дека најголемиот дел од гледачите што успеале да го погледаат е дека со суперлативи се изразиле за филмот на Мендес. Дури 89 проценти од коментарите на страницата „Ротен томатос“ за „1917“ се позитивни, а одлични критики филмот доби и од водечките медиуми во светот.

За многумина овој филм е епска приказна препеана за потребите на „големото платно“, како и врвно уметничко достигнување, кое ретко може да се погледне.
Голем удел во ова има и револуцинерната техника употребена во снимањето, кое на гледачите им дава ретка шанса да почувствуваат како изгледала вистинската борба од перспектива на војниците во рововите, кои најчесто служеле како „топовска храна“.

Во Првата светска војна загинале повеќе од 30 милиони луѓе. Токму на 6 април во 1917 година САД ѝ објавуваат војна на Германија, по што победата на силите на Антантата станува извесна. Но најголемиот дел од војниците за тоа дознале неколку недели подоцна, бидејќи пораките долж фронтот се пренесувале по курири, кои дневно требало да претрчаат голем број километри, најчесто низ непријателска територија, за да ги пренесат пораките од витално значење.

Најдобра актерска екипа

Како во ретка друга прилика, продуцентите на „1917“ успеаја да соберат неверојатно добра актерска екипа, што е значаен чинител во успехот на филмот. Бенедикт Камбербач, заедно со Колин Фирт, Марк Стронг, Ричард Маден, Ендрју Скот, Дениел Мејс, Едријан Скарборо и Џејми Паркер. Кастингот на „1917“ е навистина импресивен, а според медиумите најголема заслуга за тоа имаа самиот режисер Сем Мендес, кој успеал на актерите да им ја долови својата визија.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....