Излезе новата песна на Шакира реализирана во соработка со Колумбијката Карди Џи, а и двете во спотот изгледаат неверојатно убави.
Песната која веќе е најавена како хит, а и навистина е хит, само за неколку часа од лансирањето собра над 4 милиони прегледи и над 5.000 пофални коментари.
Песната е испеана на шпански јазик, па ако се прашувате што му порачува Шакира на Пике (и на неговата девојка), но и нејзината колешка Карол на нејзиното поранешно момче раперот Ануел АА, ви го носиме преводот на македонски. И забележуваме, Шакира е овојпат нежна во прозивањето.
Секој што ќе ти каже дека празнината може да се пополни со друга личност, те лаже
Тоа е како да покриваш рана со шминка, не се гледа, но се чувствува
Си замина велејќи дека ме заборави и си најде нова девојка
Она што таа не го знае е дека се уште ги гледаш сите мои „приказни“
Злато, што се случи?
Зарем не е премногу за да се вари?
Зошто ме бараш?
Ако знаеш дека не ги повторувам грешките
Кажи и на твоето ново девојче
Дека не се натпреварувам за мажи
Не сакам повеќе да пукам
Дека барем јас ќе ја направам убава.
Тоа што те видов со новата (девојка) ме повреди
Но, јас се посветив на себе
Она што го видовме го заборавив
И тоа е она што те навреди
И животот стана подобар за мене
Повеќе не си добредојден овде
Видов што ми направи твојата девојка
Тоа ни најмалку не ме лути, се смеам, се смеам.
Немам време за она што не е потребно, веќе го променив мојот пат
Заработка како спорт
Пополнување на сметката, настани, паркинг и пасош
Јас сум потврда, вели јавноста.
Сега сакаш да се вратиш, се гледа, ммм, да
Чекај ме таму, дека сум идиотка
Заборави дека сум на друго место
И дека Бичота беше преголема за тебе.
Ти замина, а јас станав тројно М
Подобра, поцврста, супериорна
Никогаш не се враќам со тебе
Немаше среќа затоа што сега богатства врнат за мене.
И ти сакаш да се вратиш, имам интуиција
ставајќи лајк на моите фотографии
Барај храна надвор
Реков дека веќе е монотонија.