2.8 C
Скопје
06:43 - 23 јануари, 2025

Емина Јаховиќ се смири со поранешниот сопруг, на тоа инсистирал најмалиот син! (ФОТО)

Неодамна таа објави нова песна „Кризирам“ која веќе брои милионски прегледи, а како што самата изјави, околу аранжманот и самиот текст и помогнал нејзиниот поранешен сопруг.

Имено, за нив двајцата веќе некое време се шушка дека се вратиле на старото, а Емина и самата во неколку наврати призна дека познатиот турски пејач и по разводот останал добар пријател со неа и дека одлично функционираат заради децата. Но очигледно Мустафа и Емина сфатија дека им е најубаво кога се заедно, посебно откако обидот да најдат среќа со нови партнери им пропадна.

 

View this post on Instagram

 

Sometimes…

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina) on

И како што пренесува магазинот „Свет“, Емина се вратила во вилата на Мустафа откако на тоа ја убедил помладиот син Јавуз и сега повторно живеат како семејство.

Тие последните месец дена се неразделни.

Фото: Инстаграм

– Бидејќи епидемијата и во Турција е во тек, Емина се обидува да не го напушта својот дом, туку времето целосно им го посветува на своите деца. Отпрвин, Мустафа ќе дојдеше во нејзиниот стан и тие целото време ќе го поминеа заeдно, играјќи со децата, учеа, решаваа домашни задачи, а потоа Мустафа, во вечерните часови, ќе се вратеше во својот дом. Но ова сврзување им помогна да сфатат дека сè уште се вистинско семејство и дека одлично функционираат кога се заедно. Поранешните сопружници совршено се разбираат, а сега е јасно дека и љубовта не исчезнала и покрај тоа што и двајцата ја бараа на друга страна. Емина сакаше сè да остане онака како што е и да не се сели никаде бидејќи само што се стабилизираше по разделбата со Садетин Саран. Таа го уреди нејзиниот нов дом и се прилагоди на новиот живот со своите деца. Но неодамна Мустафа и предложи да се врати и да живеат заедно во неговата вила. Таа на почетокот се двоумеше, но се предомисли заради својот помлад син Јаваз, кој секогаш многу се растажува кога треба да се раздели од својот татко. Таа ги зема со себе само своите основни работи и сега повторно живеат заедно, раскажува извор за „Свет“ кој е многу близок со пејачката.

Мустафа очигледно е спремен да и ја прости врската со милионерот Садетин Саран, кој сакаше и да се ожени со неа. Но дури сега стана јасно и дека Емина никогаш не престана да го сака својот поранешен сопруг.

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ се враќа од Америка: Драган ја чека на аеродромот во Белград

Еспресо

Ова е партнерката на Бајага со која се пресели по разводот: Љубовта му цвета по бракот кој траеше 33 години

A.J.

(Фото) Каква сличност делат Харис Џиновиќ и Меланија Трамп? Оваа фотографија го „запали“ интернет и ги насмеа сите

Еспресо

Аница Лазиќ проговори за пластичните операции и откри: На триесет сум поубава отколку на осумнаесет

Еспресо

Лепа Лукиќ се огласи откако дозна дека е на списокот на забранети пејачи: Зошто им пречам?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се враќа во Србија од Америка: Пие вино на аеродром, а на нејзината рака блеска дијамант!

Еспресо
Се вчитува....