7.8 C
Скопје
20:53 - 30 март, 2026

Ема Вотсон за својот „љубовен“ статус: Во врска сум со сама себе!

Актерката Ема Вотсон секогаш настојувала својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста и во интервјуата повеќе говори за својата работа и ангажмани за подршка на еднаквоста помеѓу мажите и жените.

Ѕвездата од филмовите за Хари Потер, која во април полни 30 години, за британскиот магазин Вог проговори за притисокот и тешкотиите кои ги чувствувала поради фактот што се приближува кон 30-та, а нема постојан партнер, стабилна кариера, но ни дете.

Instagram

„Секогаш се прашував зошто сите прават толкава збрка околу 30-от роденден, бидејќи тоа и не е така страшно… Потоа наполнив 29 и беше: Ох Боже, толку ми е тешко.“

„Секогаш чувствував тежина поради тие сублимални пораки. Ако не сте изградиле дом, сте се венчале и родиле дете или доколку до 30-та немате стабилна кариера, започнувате да се чувствувате тешко и под притисок, сметајќи дека тоа е нешто што е задолжително“, рекла таа.

Но, сега вели дека се откажала од тоа да на прашањата одговара дека е „сингл“.

„Долго време ми требаше да дојдам до сознанието дека сум среќна поради тоа што сум сама. Тоа би го нарекла врска со самата себе“, рекла за Вог.

Instagram

Точниот термин кој го искористила е „self-partnered“ поради што стана хит на друштвените мрежи каде многу го споредија нејзиниот „љубовен“ статус со оној на нејзината колешка Гвинет Палтроу. Всушност, Гвинет во јавноста стана предмет на исмејување кога својот развод со фронтменот на бендот Coldplay (Крис Мартин), го опиша како „свесно разделување“, на што многумина сега ги потсети и „љубовниот“ статус на Ема.

Слични објави

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.
Се вчитува....