9.8 C
Скопје
15:47 - 31 март, 2026

Ед Ширан со голема донација за болницата која се грижеше за неговата покојна баба

Instagram

Англискиот музичар Ед Ширан (29) донираше 10.000 фунти во болница која се грижеше за неговата сакана покојна баба.

За овој прекрасен гест беа искористени пари од хуманитарната организација на Ед „The Framlingham Foundation Trust “, што исто така им помага на училиштата и на оние на кои им е најпотребна помош.

Во годишниот извештај поднесен од добротворната организација се вели дека „донацијата за болницата во Алдебург е доделена за набавка на музички инструменти за рехабилитација и закрепнување на пациентите на отворено“.

Овие пациенти се пациенти со деменција, пациенти со посебни потреби и попречености, пишува во описот.

Сега и славниот музичар се огласи:

Имав среќа што не бев на турнеја во последните месеци од животот на баба ми и бидејќи живеев близу, можев да ја посетувам на секои неколку дена, започна Ед.

Грижата што ја доби е неверојатна. Луѓето кои работеа таму се толку убави, сочувствителни, духовити и грижливи, додаде музичарот.

Места како болницата Алдебург едноставно не постојат во многу делови на светот, а покрај тоа  тие се приватни и чинат многу пари, или мора да имате здравствено осигурување за да можете да ги користите, заклучи тој и уште еднаш им се заблагодари на здравствениот персонал во таа болница.

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....