13.8 C
Скопје
22:22 - 24 април, 2026

Душко никогаш не ме заштити: Јелена Карлеуша откри што ѝ пречело кај Тошиќ

Јелена Карлеуша често истакнуваше дека сè што јавноста знае за неа всушност не е вистина. Дека приватно е многу поинаква, понежна и како што самата вели „здодевна личност“.

Поп дивата своевремено во едно емотивно интервју откри детали за себе кои малкумина ги знаеле, спомнувајќи го нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.

-Кога реков дека мажот мора да е лажен, мислев дека никогаш не смее да ги покажува своите вистински бои, своето вистинско лице. Моето вистинско лице е сето она за што јавноста на Балканот не ни сонува. Никој навистина не ме познава. Единствената што ме познаваше беше мајка ми, можеби моите деца, ама не и мојот сопруг. Јас, всушност, сум „шоубиз измамничка“. Затоа што се што мислат луѓето за мене, не е така. Една извртена слика на жена која мораше да биде пет пати подобра од сите други за да има шанса. И тогаш се претвора во трка со самиот себе, опсесија со егото. – искрена беше Јелена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Во едно подолго интервју таа откри дека ниту еден маж никогаш не ја заштитил од вербални напади, вклучително и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, со кој е во процес на развод.

– Ниту еден маж никогаш не ме заштитил, вклучително и мојот. Секогаш ме навредуваа, ме понижуваа, а никој не помисли да ме одбрани како жена. Одбрана доживеав само од жени. И благодарам за тоа. Како општество ја потенцираме борбата против насилството врз жените. Па зошто тоа не се применува и кога станува збор за мене – рече Јелена и додаде:

– Кој ќе го преживее тоа што сум јас, не чувствува веќе ни болка, ни понижување ни тага…Чувствува само желба за преживување и многу често за освета, за жал – беше искрена Јелена.

Слични објави

Дара Бубамара за експлицитните гласовни пораки — еве што рекла пејачката за бурната ноќ

Е.А.

(Фото) Секој мускул ѝ се отцртува – Емина Јаховиќ ги „запали“социјалните мрежи во тесни хеланки и маичка

Еспресо

Дарко Лазиќ одржа концерт посветен на покојниот брат: Планирам ова да стане традиција

Еспресо

Горан Бреговиќ купи „паметна“ куќа вредна два милиона евра! Еве каде се наоѓа уште една негова недвижност

Еспресо

Теа Таировиќ слави една година брак – пејачката направи бајковита свадба покрај река и интимна прослава

Еспресо

Ќерката на Саша Поповиќ објави емотивна фотографија со својот татко на неговиот роденден

Еспресо
Се вчитува....