-4.2 C
Скопје
00:33 - 23 декември, 2024

„Добрите девојки одат во рајот, лошите одат секаде“: Славната Кетрин Хепберн две децении била во врска со оженет маж!

Славната актерка Кетрин Хепберн била второто дете од шест на хирург и ангажирана избирачка, кои го поттикнувале развојот на своите деца во секоја смисла. Уште во детството идната ѕвезда започнала да игра голф кој страсно го сакала и одлично играла цел живот.

„Добрите девојки одат во рајот, лошите одат секаде“ (1932)

Подоцна била често опишувана како премногу груба и машкуданка, Хепберн секогаш се спротиставувала на нормите. Како дете сакала да биде момче, бидејќи ѝ изгледало дека тие подобро се забавуваат, носела панталони и барала семејството да ја вика Џими.

Profimedia

Доколку секогаш го работиш тоа што те интересира, барем една личност е секогаш задоволна (1990)

Со глумата започнала да се занимава уште како средношколка и можеби после дипломата кариерата побргу ќе ѝ напредувала да Кетрин, во свој стил, не била склона кон расправии со режисерите и продуцентите, поради што некое време имала само помали улоги на Бродвеј.

„Никогаш не приметив дека жените би требале да бидат инфериорни“ (1937)

Instagram

Таа се венчала млада со 8 години постариот брокер Ладов Огден Смит, кого го наговорила да го промени името во С. Огден Лудлоу, бидејќи не сакала да има безлично презиме како што е Смит. Бракот траел само неколку години, а Хепберн подоцна не се изразувала позитивно кон бракот.

„Доколку сакате да ги зртвувате восхитувањата на многу мажи, а да добиете критики само од еден, тогаш омажете се“ (1936)

Таа ја играла Џо во една од првите екранизации на „Little Women (1932)“ која ја режирал Џорџ Цукор, режисер со кој направила неверојатно богата и среќна соработка, додека тогашните могули на филмската индустрија ја нарекувале „box office poison“, кога неколку нејзини филмови и претстави од 30-те пропаднале, иако повеќе им сметала нејзината песрамност и гордост, но и интелектуалност која се граничела со снобизам и интелегенција со која не можеле да се мерат.

Instagram

„Никогаш не се жали, никогаш не се објаснувај“ (1934)

Кетрин секогаш се туширала со ладна вода, бидејќи тврдела дека тоа ѝ го зајакнува карактерот и дека затоа сама ги изведувала сите сцени, сметајќи дека каскадерките не можат да ја заменат, бидејќи го немаат нејзиното држење.

„Без дисциплина, нема живот“ (1987)

Аферата која траела цели 25 години Кетрин ја имала со женетиот Спенсер Трејси, што таа ја сметала за идеална комбинација, бидејќи така ја задржала независноста до која многу се придржувала. Често снимале филмови заедно, а кога после нивната последна соработка на „Guess Who’s Coming To Dinner“ починал Трејси, Хепберн никогаш не посакала да го гледа филмот.

„Љубовта нема ништо со тоа што го очекувате од неа – очекувајте го само тоа што можете да го дадете – што е се!“

Instagram

Сакала да носи панталони пред да бидат во тренд или воопшто прифатливи за жени, таа тежнеела кон минималистичката естетика, носела малку или воопшто не носела шминка, била атеистка, одбивала интервјуа и снимања колку што било можно.

„Средувањето е досадно. Кога ќе дојдете во одредени години, се декорирате себе за да го привлечете спротивниот пол, што го правев и јас. Сега го надминав тоа“ (1986)

Кетрин Хепберн добила рекордни четири Оскари за најдобра актерка (покрај 12 номинации и низа други награди), но секако, воопшто не се држела до признанијата.

„За мене наградите се ништо. Наградата е мојата работа“ (1938)

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....