15:26 - 11 април, 2026

ДИВАТА СВИЊА ПУТИН ДОБИ НОВО ИМЕ: Животното со потекло од Русија од денес се вика…

Дивата свиња по име Путин со години живее мирно во паркот за диви животни Мехлмајзел во Баварија, а во контекст на актуелните настани мораше да го смени името.


Цели четири години, дива свиња тешка 200 килограми го носеше името Путин, симболично, бидејќи е родена во Русија. Меѓутоа, работниците неодамна решија да го сменат името поради руската агресија во Украина.

„Ние сме хармоничен, убав мал парк на диви животни и такво име едноставно не одговараше“, објаснија тие и објавија дека свињата сега се вика Еберхофер – тоа име победи според гласовите на Интернет.

Името Еберхофер доби 1.198 гласови, додека на второто место се најде името Густл, за кое гласаа 1.013 учесници, а во потесниот круг се најдоа имињата Игор, Фредерик и Мир, пренесува Индекс.хр.


Имињата Зеленски и Кличко беа всушност фаворити, но тимот од „Вајлдпарк“ Валдхаус Мелмајзел не можеше дополнително да си игра со политиката.

Повеќе од 2.700 луѓе дадоа свои предлози за новото име на свињата, а името Еберхофер дојде од водител на популарна забавна програма како алузија на „криминалните романи на Еберхофер“ напишани од Рита Фалк во кои Еберхофер е главниот јунак истражувач.

 

 

Слични објави

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо

(Фото) Велики петок во домот на Здравко Чолиќ: Уна покажа како се подготвуваат за Велигден

Еспресо

(Фото) Милан Станковиќ го прекина молкот на Велики петок – неговата објава многумина трогна

Еспресо

(Видео) Сѐ како од бајка! Драгана Мирковиќ воодушеви со велигденската декорација во својот дворец

Еспресо

Хороскоп за 11 април: Лавовите ќе уживаат во романтичните нежности, Близнаците ќе добијат прекрасен комплимент

Еспресо

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.
Се вчитува....