6.8 C
Скопје
19:40 - 19 февруари, 2026

Џенифер Лопез им подари скапоцен накит на ќерките на Бен Афлек

Џенифер и Бен се сè повеќе блиски, но таа иста така воспостави одлична врска со семејството на актерот, особено со двете ќерки Серафина и Виолет, родени од бракот со Џенифер Гарнер. Според „Пипл“, Џеј Ло и нејзината ќерка Еме на двете девојчиња ќе им подарат два скапоцени ѓердани како знак на љубов. Изгледа дека нивното семејство станува сè повесело. 

Додека двете холивудски sвезди повторно ја распалуваат љубовта родена во минатото, години по нивната прва врска, тие се исто така и родители на дечињата што ги добија во периодот меѓу нивните први погледи и денес. Џенифер Лопез е мајка на близнаците Еме и Макс, 13, родени од поранешниот сопруг Марк Ентони, а Бен Афлек има две девојчиња, Серафина и Виолет (12 и 15 години), и син Самуел (9 години), родени од бракот со Jенифер Гарнер.

Лопез, која има силен мајчински дух, успеала да воспостави одлична врска со ќерките на Бен Афлек, исто како и со девојчињата на Алекс Родригез, поранешниот шампион во бејзбол, татко на Натали на (16) и Ела (13) кои ги сакаше како да беа нејзини ќерки во текот на нивната 4-годишна врска. И не само тоа, таа своевремно изјави дека Џенифер Гарнер, поранешната на Афлек,  е „љубезна и прекрасна личност и извонредна мајка“.

Американските списанија објавија дека, по повод 49. роденденот на Бен Афлек, Џенифер Лопез и нејзината ќерка Еме ќе им подарат на Серафина и Виолет два скапоцени ѓердани.

Инаку, помеѓу поп sвездата и поранешниот бејзбол шампион, љубовта е готова засекогаш. Џеј Ло дури и ги избришал сите траги од поранешниот партнер од својот профил на Инстаграм. Од својата официјална страница, некогаш преполна со вљубени фотографии, сега сè е отстрането.

Причините за раскинувањето на врската никогаш не беа разјаснети и, дури и ако двајцата јавно кажаа „ќе останеме добри пријатели“, судејќи според она што се случува, не изгледа дека тие останаа во добри односи. Сепак, ова не важи и за двете ќерки на ѕвездата на „Јенкис“, Натали и Ела, за кои Џеј Ло беше многу приврзана: нивните фотографии се уште се на профилот на пејачката. На крајот на краевите, девојчињата немаат никаква врска со нивното раскинување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Слични објави

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо
Се вчитува....