17:51 - 10 ноември, 2026

Џенифер Анистон се врати на сетот – Актерката среќна поради снимањето на нови епизоди од популарната серија

Една од омилените холивудски актерки, Џенифер Анистон, со нетрпение го дочека враќањето на работа, како и почетокот на снимањето на новите епизоди од хит серијата „The Morning Show”, по повеќемесечната пауза.

Новите фотографии на Џенифер Анистон во „теди“ бел капут, црни кожни ракавици и препознатливата фризура, го заобиколија светот.

Станува збор за сцени од сетот на популарната серија „The Morning Show“, во која игра со колешката Рис Витерспун, а која се прикажува на стриминг сервисот „Apple TV“.

Фото: Профимедиа

Неколку месеци снимањето на новите епизоди од возбудливата серија беше запрено поради пандемијата на коронавирусот која нанесе големи загуби во целиот свет, па така и во филмската индустрија.

За среќа, Анистон сега им се врати на вообичаените снимања, а поради тоа не ја криеше возбудата.

Фото: Профимедиа

Серијата „The Morning Show“ ја следи динамичност и драма која се одвива зад сцената на дневните вести, за кои гледачите не знаат ништо. Серијата се темели на книгата на новинарот Брајан Сетлер „Top of the Morning: Inside the Cutthroat World of Morning TV“ и откако беше финиширана првата сезона, сега се снима и втората, која ќе има десет епизоди.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....