6.8 C
Скопје
08:26 - 1 април, 2026

Џејмс Франко обвинет за СЕКСУАЛНО малтретирање на свои студентки

Шармантниот 41-годишен актер Џејмс Франко е обвинет за сексуално вознемирување на свои студентки.
Студентките Сара Титер- Каплан и Тони Гал, од неговата академија „Studio 4“, вчера покренале тужба против актерот во судот во Лос Анџелес.

Студентките го обвинуваат актерот дека ја злоупотребил својата слава и улогата на професор за да им се додворува на младите студентки и да ги принудува да аплицираат на аудиции кои се експлицитни и имаат доста недолични сцени.

Девојките тврдат дека Џејмс им вршел притисок да прават експлицитни сцени со оргии и им ветувал дека така полесно ќе најдат работа.

За да може да учествуваат на курсот за правење сексуални сцени, Франко барал од своите студенти да снимат видео запис и да ги препишат правата на академијата.

Откако Тони Гал се побунила поради ваквите „инструкции“, била отстранета од часовите, додека нејзината пријателка Титер-Каплан продолжила со часови и била избрана да глуми во неколку филмови од „Рабит Бандини филмс“ продукцијата на Франко, што подразбирало дека таа доброволно го прифаќа ваквото однесувањето на актерот.

Студентката Титер-Каплан, која присуствувала на курсот за секс сцена, тврди дека Франко ги отстранил пластичните „оклопи“ околу вагините на другите студенти и симулирал орален секс врз нив.

Profimedia

Титер-Каплан претходно зборувала за оваа конкретна ситуација во написот за „Лос Анџелес тајмс“ за 2018 година, заедно со уште четири жени кои исто така споделија негативни искуства со Франко.
Двете студентки кои разговараа со „Лос Анџелес тајмс“ тврдат дека Франко бил „лут“ кога актерките на една од неговите снимки одбиле да бидат топлес за некоја сцена.

Во изјава за Рафинерија29, адвокатот на Франко, Мајкл Плонскер, ги негирал обвинувањата.

Франко исто така ги отфрли обвинувањата, а и преку адвокатот најави дека нема да дозволи да биде вовлечен во лажен скандал. Тој вели дека ќе бара оштета за клевета.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....