02:03 - 3 ноември, 2026

„Девојче е“: Даниел Кајмакоски ќе стане татко по третпат, среќната вест ја сподели на Инстаграм

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски (40) и неговата сопруга Марина го очекуваат нивното второ заедничко дете.

По синот Стефан, кој го добија во април минатата година, сега Даниел и Марина открија дека во нивното семејство ќе пристигне девојче.

Како што објавивме претходно, двојката е на семеен одмор во родниот крај на Кајмакоски и деновиве ги посетија Охрид, Вевчани и Струга. Кајмакоски сподели неколку заеднички фотографии со сопругата и синот, на кои се гледа трудничкиот стомак на Марина.

„Како Струга нема друга, но без Вевчани не правиме ништо“, напиша тој во описот на објавата, додавајќи ги хаштазите „Убавините на Македонија“ и „It’s a Girl“, што во превод значи – „Девојче е“.

Да потсетиме, Даниел Кајмакоски претходно беше во брак со манекенката Кристина Димитријевска, со која има едно дете – синот Давид.

По разделбата со Димитријевска во 2020 година, пејачот го чуваше приватниот живот далеку од очите на јавноста. Тоа се смени во септември 2022 година, кога ја сподели првата фотографија со неговата сегашна сопруга Марина.

Фото: Инстаграм/Даниел Кајмакоски
Фото: Инстаграм/Даниел Кајмакоски
Фото: Инстаграм/Даниел Кајмакоски
Фото: Инстаграм/Даниел Кајмакоски
Фото: Инстаграм/Даниел Кајмакоски

Слични објави

Болна исповед на Дарко Лазиќ по смртта на брат му Драган: „Половина од мојот живот си однесе со себе“

Еспресо

Коста ќе добие вистинско богатство за 18. роденден: Дара Бубамара ја подготвува прославата, дала огромни пари за подарокот

Еспресо

Неда Украден се прости од Мишо Ковач со потресни зборови: Ова засекогаш ќе го памети

Еспресо

Хрватска го оплакува Мишо Ковач, знамињата на половина копје

Еспресо

Војаж стана татко, доби дете со мистериозната свршеница

Еспресо

(Видео) Дани Ѓуровска и сопругот Денис ја воодушевија публиката со романтичен танц на концертот на Сергеј Четковиќ

К.С.
Се вчитува....