12.8 C
Скопје
18:33 - 17 октомври, 2026

Детаљ од младоста кој не може да го заборави – Кејт Мос со воодушевување се потсети на бакнежот со оваа легенда!

Супермоделот Кејт Мос кој е познат по својот контроверзен начин на живот, се присети на еден детаљ од младоста кој никогаш не го заборавила. Имено, таа како девојка била меѓепсана од Френк Синатра, а нивната блиска средба ја памети и денес.

Таа изгледа за прв пат проговори на оваа тема и тоа за престижниот магазин „Vogue“.

Кога започнала сериозно да влегува во светот на манекенството, имала само 21 година, а тогаш била во љубовна врска со Џони Деп. На роденденската забава на најпознатиот пејач Фенк Синатра таа отишла со холивудскиот актер, а потоа се случило нешто неочекувано.

Бидејќи била маѓепсана од Френк, неговите сини очи и гласот кој го красеше, Кејт од блиската средба со него се онесвестила. Се сè случило на прославата и тоа пред нејзиното сакано момче Џони Деп.

„Френк Синатра во целост ме маѓепса, a јас се онесвестив. Се уште го имаше оној сјај во неговите сини очи. Бев на неговата забава, седев на страна и пушев цигара. Во еден момент ме забележа и дојде до мене да се поздрави”.

„Ги повика своите телохранители со цел Џони Деп да не може да пријде, а конверзацијата течеше пријатно. Ме праша како сум. Му го честитав роденденот и останав без текст. Ме бакна во устата и ми ја врати цигарата“, се сети Кејт Мос во разговорот за „Vogue“.

Имено, во ова интервју за јануарското издание на магазинот Кејт Мос зборувала за многу детали од својот живот. Јануарскиот број допрва треба да излезе, а многумина го очекуваат со нетрпение.

Слични објави

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ ракажа се за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova
Се вчитува....