7.8 C
Скопје
23:56 - 31 март, 2026

Членови на Рамштајн се бакнаа на сцена во знак на протест против руските ЛГБТ закони (ФОТО+ВИДЕО)

Двајца членови од германскиот бенд Рамштајн се бакнаа на сцена на концерт, во знак на протест против руската анти-ЛГБТ „пропаганда“, односно законот кој е на сила од 2013 година.

„Русија, те сакаме“, вака напишаа Рамштајн на својот профил на Инстаграм.

Тие настапувале во Москва, кога гитаристите Пол Ландерс и Ричард Круспе се бакнале во знак на протест против руските закони кои забрануваат јавно покажување на нетрадиционални сексуални врски. Јавниот бакнеж на двајцата гитаристи се случи само неколку дена откако е убиена една од најпознатите ЛГБТ-активистки, Јелена Глигоријева.

Рамштајн се на промотивна турнеја за нивниот нов албум, а на 2 август треба да настапат во Санкт Петерсбург.

Законот предвидува секој странец што ќе прикаже нетрадиционални вредности да биде притворен 15 денови, да плати 5.000 рубљи и да добие забрана за влез во Русија. Дали тоа ќе се случи со членовите на Рамштајн не се знае, но нема информации дека концертот на 2 август е поместен или одложен.

View this post on Instagram

Россия, мы любим тебя! Photos: @jenskochphoto

A post shared by Rammstein (@rammsteinofficial) on

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....