10.8 C
Скопје
20:18 - 17 март, 2026

БРИТНИ ЈА ОБВИНИ МАЈКА Ѝ ДЕКА „ВМЕШАЛА ПРСТИ“ ВО СТАРАТЕЛСТВО: Лин Спирс бара 650 илјади долари за адвокатски трошоци

бритни спирс

Бритни Спирс ја обвини нејзината мајка Лин Спирс затоа што „вмешала прсти“ во старателството поради кое ѕвездата немаше контрола над сопствениот живот цели 13 години.

Иако нејзиниот татко Џејми Спирс кој беше нејзин старател и ја контролирал нејзината приватност и финансии, сепак, пејачката тврди дека старателството всушност било идеја на Лин.

БРИТНИ СПИРС Е КОНЕЧНО СЛОБОДНА: Крај на сагата со старателството долга цели 13 години

„Она што луѓето не го знаат е дека мајка ми му ја даде идејата. Никогаш нема да можам да надокнадам за залудно потрошените години. Таа ми го уништи животот“, вели Бритни.

И ЈАС ПОМИНУВАВ НИЗ ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ: Прозборе сестрата на Бритни Спирс

Во објавата на својот инстаграм-профил која во меѓувреме ја избриша, таа додаде: „Точно знаеш што направи. Татко ми не е доволно паметен сам да дојде на идеја за старателството. Вечерва ќе бидам среќна бидејќи знам дека ме чека нов живот“.

„Факт е дека пред 13 години беше неопходно да се заштити Бритни во секоја смисла на зборот. Нејзиниот живот беше во хаос. Имаше психички и финансиски проблеми. Успеа да ја врати стабилноста за време на старателството“, велат адвокатите на Џејми.

БРИТНИ СПИРС И НЕЈЗИНИОТ ПОРАНЕШЕН СОПРУГ ДОНЕЛЕ ОДЛУКА ЗА СИНОВИТЕ: Што ќе се случува?

Сега, Лин Спирс, мајката на Бритни Спирс, бара повеќе од 650.000 долари за адвокатските трошоци за време на старателството.

Адвокатите тврдат дека ѝ помогнале на Бритни да стане слободна жена. Тие исто така тврдат дека се залагале нејзиниот татко Џејми Спирс да престане да биде нејзин старател.

НОВА КАРИЕРА: Бритни Спирс почнала да пишува книга

„Лин преговараше за приклучување на старателството исклучиво по наговор на Бритни. Таа побарала од мајка си да ѝ помогне да го прекине кошмарот“, се вели во документите.

Хонорарите за адвокатите изнесуваат 840 илјади долари, но тие велат дека сепак се подготвени „да се согласат на попуст од 40 отсто и да побараат 504 илјади долари“. Другите такси ќе одат на адвокатската фирма „Ginzburg & Bronshteyn“, која бара 146.548 долари. За трошоците на адвокатската работа ќе се разговара на рочиштето закажано за 8 декември, пишува магазинот „People“.

Слични објави

(Фото) Приклучена на апарати: На познатата пејачка Диди Џеј ѝ се влоши здравјето, има проблеми со срцето

Еспресо

Весна Змијанац се потсети на бракот со Кемиш: „Се обидувавме да имаме дете, но не ни успеа“

Еспресо

Велат дека ова е најдобрата пилешка салата што можете да ја направите – трикот е во подготовката на месото

Еспресо

(Фото) Николија пред Реља била во љубов со НБА кошаркар: Врската траела две години, но кариерата пресудила

Е.А.

Дали е време за укинување на Оскарите? Церемонијата се соочува со обвинувања за дискриминација, пад на гледаноста и игнорирање од ѕвездите

Еспресо

Аца Амадеус со нови шокантни тврдења: Тврди дека поранешната сопруга била приведена

Е.А.
Се вчитува....