7.8 C
Скопје
22:10 - 31 март, 2026

Бредли Купер го освои срцето на новата Бонд девојка!

Холивуд не престанува да збори за тоа дека актерот Бредли Купер запловил во романса со новата Бонд девојка.

Profimedia

За Бредли Купер не престанува да се пишува и збори откако ја раскина врската со манекенката Ирина Шајк, со која ја има ќерката Леа де Сен. Него го поврзуваа со Лејди Гага, но и со актерката Џенифер Гарнер. Сепак, изгледа дека сега има промена во неговиот љубовен статус.

Всушност, овој заводник бил виден во друштво на убавата колешка Ана де Армас, со која на почетокот од јануари е виден на ручек во Беверли Хилс. Daily Mail веднаш започна да пишува за потенцијалната холивудска романса на актерот и латино убавицата.

Profimedia

Ана де Армас е инаку актерка со шпанско-кубанско потекло, а позади себе има брак со актерот и модел Марк Клотет. Во новиот филм за Џејмс Бонд „No Time To Die“, таа ја игра Бонд девојката Палома.

Се уште се немаат огласено ниту Купер, ниту Ана, а останува да се види каква е природата на нивниот однос.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо
Се вчитува....