6.8 C
Скопје
20:49 - 12 март, 2026

Братот на Бред Пит богат колку славниот актер!

Животот на актерот Бред Пит е доста познат на јавноста и се знае речиси сè, но не и за неговиот три години помал брат, Даглас, кој е богат исто колку и актерот и е голем филантроп.

За разлика од Бред чиј живот е обележан со бурни љубовни врски, Даг е триесет години во среќен брак и има три деца. Даг има собрано 750.000 американски долари за проекти за чиста вода во Танзанија и е основач на фондацијата „Care To Learn“, која се грижи за сиромашните деца.

Одлуката да ја основа оваа фондација дошла откако ја слушнал приказната на едно момче кое било исмејувано од децата во училиште затоа што ги носело панталоните на неговата мајка, бидејќи немале пари за нови.

Даг ја започнал својата кариера во компјутерска компанија и продолжил да се занимава со тој бизнис, а американските медиуми пишуваат дека тој е многу успешен и заработува нешто помалку од неговиот постар брат, па се проценува дека богатството на Даг изнесува 240 милиони долари, за разлика од она на Бред кое е 300 милиони долари.

Даг се занимава и со фотографирање и продажба на своите фотографии, а парите ги донира на хуманитарни организации. Во една прилика, тој изјавил дека првично му пречело кога новинарите го барале за да проверат некои информации за неговиот брат, па решил да измислува приказни за да види дали ќе ги објават или не. Потоа, се досетил и самиот да ги фотографира папараците кои го следеле, па место тие да му пречат нему, тој им пречел на нив. На крајот престанале да го следат.

Слободното време Даг секогаш го поминува со своето семејство, а кога се заедно, со неговите деца често одат на планинарење или возење велосипед во природа.

Слични објави

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.
Се вчитува....