19:06 - 24 ноември, 2026

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Пејачот Стеван Анѓелковиќ откри дека неговата колешка и пријателка Милица Тодоровиќ планира да се врати на настапите, но и на кого личи нејзиниот син Богдан.

Анѓелковиќ и Милица Тодоровиќ се кумови, а тој често ги посетува неа и нејзиниот син, кого пејачката го роди на почетокот на февруари.

– Бебето е прекрасно. Засега, повеќе личи на неа – рекол Стеван за српските медиуми, потврдувајќи дека новата мајка, која ќе го помине Велигден во родниот Крушевац, се справува многу добро.

Иако многумина мислеа дека Милица сè уште нема да настапува и дека ќе остане дома со бебето најмалку една година, Стеван носи поинакви вести.

– Таа сака работа. Планот е повторно да почне да настапува пред летото – открил тој за „Блиц“.

Стеван зборуваше и за преселбата на пејачката, како и за тоа дали му е тешко што повеќе не се соседи. И покрај фактот што повеќе не се во соседството, Стеван редовно ја гледа Милица и е многу среќен што таа стана мајка.

– Тоа беше нејзина голема желба. Тоа се моментите кога не можеш да бидеш емотивен. Многу ми е жал што помина низ сето тоа, што сето тоа беше споменато така. Тоа не е секојдневна ситуација, има многу такви врски во денешно време. Жал ми е што некои луѓе чекаа да ја демонизираат нејзината врска. Оние луѓе што ја нападнаа ѝ се извинија, сфатија дека грешеле. Сето ова ќе помине, таа сега ужива, многу е среќна, ужива со својот син, ужива со своето момче – додал Стеван.

Слични објави

Го напушти Мостар со 200 марки в џеб, преживеа семејна трагедија и стана една од најголемите регионални ѕвезди

apostolova

(Видео) „Мојата најдлабока болка и успех во исто време“: Сопругата на Кун од „2Бона“ отворено за процесот на замрзнување ембриони

К.С.

Кија Коцкар изненади многумина: „Мирна ми е главата кога немам кредити, а среќна ќе биде личноста на која еден ден ќе ѝ оставам сè“

Е.А.

Декември ќе им ги исполни најголемите желби — три хороскопски знаци ги очекува среќен крај на 2026 година

К.С.

(Фото) Вељко ги испиша синовите од градинка, а сега покажа што прават во Тител – малечките до колена во кал

Еспресо

„Ме удри во главата, па ме давеше“: Потресно сведоштво на Николина Пишек за насилството во бракот со Видоје Ристовиќ

Т.Ц.
Се вчитува....