12.8 C
Скопје
10:22 - 4 мај, 2026

Со години нема добри односи со мајка си: Ана Николиќ сега сподели слика со неа, а ѝ посвети и емотивна балада

Ана Николиќ по подолга пауза се врати на музичката сцена со првиот дел од албумот „Хвала, довиѓења“.

Таа објави пет нови песни, кои се производ на соработката и емотивната поврзаност со композиторот и продуцент Горан Ратковиќ – Рале.

Публиката особено ја трогна баладатa „Тераса с погледом на ѕид“, чиј текст е всушност емотивно обраќање на Ана до нејзината мајка Миљана.

Таа на својот Инстаграм сподели слика со мајка си, а во позадина свири песната која штотуку ѝ ја посвети на мајка си.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)


Пејачката последниве години има прилично затегнати односи со нејзината мајка.

„Мајка ми е секогаш во улога на жртва, никогаш ништо не ѝ е доволно. Тоа го препознав и во себе. До тоа дојдовме за време на терапијата. Ако е петка, зошто да не пет плус? Ако си трет во крос-кантри, зошто не си прв? Ако си прв, зошто не си пред првиот? Тоа место не постои, но нека го измислат. И сето тоа од некакво незадоволство, познато само нејзе. Никогаш доволно и никогаш доволно добро. Навикната сум да не бидам добра. Јас сум црната овца на семејството. Ја прифатив таа улога и ревносно ја играм“, изјави тогаш Ана Николиќ.

Слични објави

„Во секунда може да направи хаос“: Лепа Брена повторно се соочи со здравствен проблем

Еспресо

Италијанска приказна: Водителката Милена на семеен одмор во Пулија

Еспресо

Хороскоп за 4 мај: Овните ќе бидат енергични, Рибите ќе воодушевуваат со креативата

Еспресо

Девојката на Леонардо Дикаприо во целосно проѕирен фустан ги засени другите убавици на забавата пред Мет Гала

Т.Ц.

Маркантниот турски актер што го глумеше Езел, ја запросил сопругата на исклучително симболичен датум

Т.Ц.

Погледнете ги сцените од концертот на кој се собраа два милиони луѓе, дури и Шакира беше изненадена

Т.Ц.
Се вчитува....