12:16 - 15 април, 2026

Сека Алексиќ откри каков ѝ е односот со свекрвата: „Тешко ми е да замислам како би било…“

Српската пејачка Сека Алексиќ долги години е во хармоничен брак со сопругот Вељко Пиљикиќ, со кој има два сина – Јован и Јаков.

Таа никогаш не криела дека би сакала уште деца, и дека семејството и е многу важно и дека се заедно, а во една прилика ја откри врската со мајката на Вељко.

Неговите родители Виолета и Миодраг живеат во Неготин, а Сека и Вељко често ги посетуваат на празници, но и секогаш кога имаат слободно време.

„Ја викам мама, мајчице, мајка… што и да е“, рекла пејачката во една прилика и изјавила дека свекрвата на Сека Алексиќ била жена од која имала многу да научи и дека многу се почитуваат.

Нивната врска станала уште поблиска кога се родиле Јаков и Јован, бидејќи Виолета сака да помага со внуците.

„Со мајката на Вељко сме како пријатели. Ние размислуваме многу слично и споделуваме исти вредности. Нашата врска е полна со почит и љубов, па тешко ми е да замислам како би било инаку. Мислам дека е стереотип дека снаите и свекрвите не се согласуваат“, истакна Алексиќ во една прилика, пишува „Стори“.

Слични објави

Колку се безбедни спакуваните салати? Брз и „здрав“ оброк или ризик на чинија?

Т.Ц.

„Ги гледа луѓето од високо и ги дели на тоа кој е важен, а кој не“: Српската пејачка „удри“ по Лепа Брена

Еспресо

Тука нешто „смрди“: Неверојатна животна лекција од Снеже Велков

msp-admin

Стјепан Хаусер ги откажа сите концерти: „Мојата состојба бара итно внимание…“

Еспресо

(Фото) Вино за двајца, море и јагоди: Кристина Арнаудова ужива во животот

msp-admin

Дневен хороскоп за 15 април: Избегнувајте конфликти

apostolova
Се вчитува....